28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Жориќ МВП на колото, Гарсија од МЗТ најдобар асистент

АБА: Жориќ МВП на колото, Гарсија од МЗТ најдобар асистент

Центарот на Цибона и на хрватската репрезентација Лука Жориќ е најкорисниот играч во четвртото коло во регионалната АБА лига.

Искусниот центар во победата на Цибона над Цедевита, 100:94, партиципираше со 29 поени, 9 скокови и 2 блокади. Жориќ имаше вкупен индекс 41, најмногу за еден играч од почетокот на сезоната.

Зад Жориќ според индексот на корисност се Лука Божиќ од Задар (индекс 37) и Вања Маринковиќ од Партизан (индекс 31). Инаку, во меѓусебниот дуел Партизан победи во Задар 104:97.

Бекот на Партизан Маринковиќ со 33 поени е најдобриот стрелец во четвртото коло, а неговиот соиграч Најџел Вилијамс-Гос заедно со плејмејкерот на МЗТ Ерик Гарсија ја подели титулата за најдобар асистент, двајцата имаа по осум успешни додавања.

Најдобар крадец на топки во ова коло е Никола Ивановиќ од Будуќност (5 украдени топки против Црвена звезда), а најмногу скокови, вкупно 14, имаше младиот центар на Мега Бемакс, Грузиецот Гога Битадзе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП