29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa прави бум на небото: Посакува уште еден гигант

Lufthansa прави бум на небото: Посакува уште еден гигант

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ подготвува понуда од 500 милиони евра за купување на голем дел од банкротираната италијанска компанија „Alitalia“.

Понудата ја вклучува флотата, пилотите и воздушниот персонал, објави агенцијата АП.

Рокот за доставување на понудата за купување на „Alitalia“, која во мај прогласи банкрот, истекува во понделеник.

Италијанската агенција АП, повикувајќи се на три неименувани извори, пренесе дека „Lufthnasa“ планира да укине 6.000 работни места во „Alitalia“ и да го намали бројот на кратки и средни дестинации, кои не ја издржаа конкуренцијата на никобуџетните компании. „Lufthansa“ одби да ги коментира овие наводи.

„Lufthansa“ неодамна постигна договор за купување на делови од втората најголема германска авиокомпанија „Air Berlin“, која исто така банкротираше.

И со „Alitalia“ и „Air Berlin“ управува авиокомпанијата „Etihad“ од Обединетите Арапски Емирати, која го откажа финансирањето по повеќегодишните неуспешни обиди да направи пресврт во работењето.

Италијанската Влада го одобри заемот за „Alitalia“ за да може да работи додека не се пронајде нов купувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП