20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево и топло време

Денес сончево и топло време

Времето денес ќе биде сончево и топло за овој дел од годината со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде од три до 12 степени, а максималната од 24 до 28 степени.

Во Скопје исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена висока облачност и со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 7 до 27 степени.

Периодот на стабилно, суво и топло време со позитивни утрински температури ќе продолжи и наредните денови. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Преодно наоблачување ќе има в петок, а позначителна промена на времето се очекува во почетокот на наредната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП