24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританска компанија за дигитален маркетинг се шири во Македонија

Британска компанија за дигитален маркетинг се шири во Македонија

SoPro, агенција за дигитален маркетинг со седиште во Обединетото Кралство, кoja веќе две години има подружница во Македонија, најавува дека во текот на следните месеци ќе инвестира дополнителни 4 милиони американски долари и ќе отвори можност за вработување уште 30 млади луѓе.

Со тоа компанијата ќе го зголеми бројот на вработени на шеесетина. Од компанијата велат дека се задоволни од поволната бизнис-клима во Македонија и поради зголемeниот број клиенти и работа, ќе се сели и во нови простории. Екипирањето со нов стручен кадар е резултат на зголемувањето на бројот на клиенти и работа и ќе се случува етапно во следните 12-18 месеци.

Според коосоновачот и сопственик на SoPro, Рајан Велманс, одлуката да инвестираат во Македонија се темели на позитивните искуства од досегашните активности постигнати преку подружниците во Велика Британија, САД, Африка, Европа и Индија и ја одразува довербата што SoPro ја ужива во регионот:

– Во Македонија наидовме на млад, енергичен и технички одлично поткован кадар. Скопје е прекрасен град со богатата култура, која во комбинација со европските вредности и сличната временска зона го прави уште поблизок со нас. Оваа инвестиција ги поддржува нашите амбициозни планови за развој и очекуваме континуиран успех во Македонија – вели Велманс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП