16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпопуларните електромобили и хибриди во 2017-та

Најпопуларните електромобили и хибриди во 2017-та

Продажбата на електрични автомобили и хибриди низ целиот свет покажуваат стабилен раст. Нов рекорд беше регистриран во август – 103.000 автомобили кои ги нашле своите нови сопственици.

Ова е 64% повеќе отколку во август 2016-та година, пишува „InsideEVs“. Во првите осум месеци од оваа година, произведени се 651 електричен автомобил и хибриди за полнење, што е за 47% повеќе од истиот период од пред една година.

Исто така, знаеме кои се лидерите во сегментот. Првиот е „Tesla“ со 59.263 продадени автомобили, вториот е „BYD“ (57.288) и третиот е „BMW“ (55.683). Меѓу првите пет има место за „BAIC“ (44.227) и „Nissan“ (36.728).

Најпродаваниот модел е „Toyota Prius Plug-In Hybrid“ (35.109 единици), а најпопуларното електрично возило во светот е „Nissan Leaf“ (33.455).

Според предвидувањата на експертите, трендот на раст на продажбата на овој тип автомобили ќе остане во иднина. Особено со оглед на фактот дека во моментов достапен за продажба е „Tesla Model 3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП