18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд среда почнува вакцинацијата против сезонскиот грип

Од среда почнува вакцинацијата против сезонскиот грип

Вакцинација против сезонски грип во цела држава ќе почне в среда и се врши во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици.

Вакцината ги покрива типовите вирус на грип кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи ги европскиот регион и Македонија, подготвена е согласно со препораките на СЗО и штити од два типа вируси од групата A и еден тип вирус од групата Б, а производител е „Абот“ од Холандија.

Како што соопшти Министерството за здравство, вакцинацијата е единствена превентивна заштитна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено хронично болните лица, мали деца под 3 години со намален имунитет, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет. Вакцината против грип е незадолжителна вакцина и се дава на доброволна база.

Цената на вакцинацијата против сезонски грип изнесува 400 денари, како и минатите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП