19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие нешта се легло на вируси!

Овие нешта се легло на вируси!

Еве кои нешта во сезоната на вируси и грип не би требало да го допирате во никој случај…

Сигурно ги миете рацете кога ќе влезете дома, но без оглед на тоа, еве кои две јавни површини не би требало да ги допирате.

Пултовите во супермаркетите и рачките во возилата од јавниот превоз во овој период од годината се најопасни, бидејќи со допирањето на овие површини најлесно ќе „закачите“ некој вирус, вели за Дејли мејл фармацевтот Анџела Калмер.

Бидејќи сезоната на грип веќе пристигна, водете сметка секогаш, убаво да ги измиете рацете кога го допирате или бришете носот и тоа со сапун и топла вода, ова е важно со цел доколку веќе сте заразени да не го ширите вирусот на тие околу вас.

Ако имате кијавица, а сте надвор, држете при рака влажни марамчиња, или некој од оние спрејови или гелови за дезинфекција на рацете.

„Најдобра превенција е да не ги допирате со раце носот, очите и устата бидејќи на тој начин вирусите најчесто се пренесуваат. А најголема концентрација на вируси има на јавните пултови, на лентите на каса во продавниците, на шалтерите и местата за држење во јавниот превоз,“ Вели Калмер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП