19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирница која го намалува шеќерот и помага во слабеењето

Намирница која го намалува шеќерот и помага во слабеењето

На пазарите веќе започна да се појавува тиквата, па побрзајте да си купите. Бидејќи, кралицата на есента и зимата не е само вкусна и ароматична, туку и многу здрава.

Експертите ќе ви ја препорачаат доколку сакате да го зајакнете имунитетот, затоа што е богата со витамините А и Ц, цинк, магнезиум, железо, фолна киселина, антиоксиданси…

Доколку ве мачат реума, гихт или проблеми со бубрезите и мочниот меур, искористете ја лековитата моќ на тиквата. Дијабетичарите би требало да ја воведат во редовната исхрана, затоа што го намалува нивото на шеќер во крвта.

Кинеските научници тврдат дека екстрактот од тиква го стимулира производството на исулин и ги регенерира оштетените клетки на панкреасот, додека корејските истражувачи заклучија дека е одлична и во борбата против кандида. Добра е и за оние кои сакаат да ослабат, бидејќи содржи многу малку масти.

Тиквата е исклучително вкусна кога се јаде запечена во рерна и наросена со цимет, уште подобра е во колачите, но е најздрава кога се јаде сирова и во комбинација со некое друго овошје или во форма на смути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП