29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрилепскиот театар со претставата „Ништо без Трифолио“ ќе гостува во Велес и...

Прилепскиот театар со претставата „Ништо без Трифолио“ ќе гостува во Велес и во Куманово

Tеатарот „Војдан Чернодрински“ со најновата весела претстава „Ништо без Трифолио“ во режија на Коле Ангеловски ќе гостува во Велес и во Куманово.

Настапот во Велес е денеска, во рамките на 16. издание на Фестивалот на античка драма, додека во Куманово на 18 октомври на 20. меѓународен театарски фестивал „Денови на комедијата“.

Претставата, како што вели авторот Русомир Богдановски, е „комедија во грчко-римски стил напишана по средбата со веселиот дух на римскиот комедиограф Публиј Теренциј, Африканец кој ослободен од телото на својот господар во 159 година пред нашата ера, талка низ вековите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП