29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДрамата „Реквием за љубовта“ од Зоран Пејковски на англиски јазик

Драмата „Реквием за љубовта“ од Зоран Пејковски на англиски јазик

Излезе од печат англискиот превод на драмата во стих „Реквием за љубовта“ – „Requiem for Love“, издание на издавачката куќа „Дијалог“, чиј автор е драмскиот писател и поет Зоран Пејковски.

Драмскиот текст „Реквием за љубовта“ ќе биде преведен и на полски јазик и ќе се игра во театрите во Полска, потоа на романски јазик, еврејски јазик, а преводот на англиски јазик затоа што ќе се игра во еден од театрите на Бродвеј, истакна авторот Пејковски.

– Оваа битолска еврејска приказна пишувана врз вистинит настан, а чувана со децении и децении, а е пишувана по повод 75-годишнината од холокаустот извршен врз македонските Евреи во 1943 година, со која всушност се одбележува овој трагичен настан за Македонија и македонските Евреи. Јас сум среќен што ова е единствениот драмски текст досега во македонската литература преведен на четири светски јазици, кој ќе биде одигран во европските и светските театри, посочи Пејковски.

Книжевни искуства на битолчанецот Зоран Пејковски, датираат од 1987 година, кога за прв пат е одигран негов драмски текст надвор од Република Македонија, кога почнува професионално да се занимава со книжевност.

Зоран Пејковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, член на Македонското научно друштво-Битола и претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП