28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРечиси е готов серискиот автомобил на Yamaha

Речиси е готов серискиот автомобил на Yamaha

„Yamaha“ е популарна кај мотоциклистите, како и кај музичарите. Сепак, Јапонците многу време беа насочени кон автомобилската индустрија, бидејќи на претстојниот Саем за автомобили во Токио ќе го покаже својот следен чекор кон создавање сопствен автомобил, објави „Autocar“.

Всушност, компанијата има некакво искуство во автомобилската индустрија, бидејќи го разви „V8“ моторот за првата генерација на „Volvo XC90“. Моторот со 4,4 литри беше еден од најимпресивните за своето време, но и покрај успехот на „Yamaha“, тие избраа да се концентрираат на мотоциклите.

Пред две години, компанијата го претстави концептот „Yamaha Sports Ride“ во Токио, создаден од легендарниот дизајнер Гордон Мареј (автор на супер-автомобилот „McLaren F1“). Според најновите информации, „Yamaha сега“ подготвува продолжување на автомобилот, со прототип кој е речиси подготвен за серискот производство. Специјално за него компанијата развива 1,5-литарски турбополнач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП