29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовеќе од 500 компании ја напуштиле Каталонија

Повеќе од 500 компании ја напуштиле Каталонија

Во моментот на референдумот, определен од централната власт во Мадрид за незаконски, 540 компании ја напуштиле Каталонија менувајќи ја својата правна адреса, соопштува „РИА Новости“, повикувајќи се на податоци од трговскиот регистар во земјата.

Меѓу компаниите се десетици големи бизниси, како што се „Sabadell“, „CaixaBank“ и „Gas Natural Fenosa“.

Министерот за економија на Шпанија, Луис де Гиндос веќе призна дека кризата во Каталонија ќе остави трага во економијата и ќе го намали растот на бруто домашниот производ.

Автономната покраина сочинува 20% од БДП-то на Шпанија, а нестабилноста по референдумот ги тера инвеститорите да ги напуштат своите проекти. Гиндос е категоричен – економската ситуација во регионот зависи од одлуките на Владата на покраината во наредните денови.

Вицепремиерот на Шпанија Сораја Саенс де Сантамарија исто пресмета дека инвестициите во Каталонија се намалени за 10%, додека во цела Шпанија има раст од 13 отсто. Најобесправени се туристичкиот сектор, а хотелското сместување во Барселона опаѓа за 20-30% во последниве недели.

Во прогнозата, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) забележа раст во економијата на Шпанија од 3,1% во 2017-та година, а во 2018-та година од 2,5%. Директорот на институцијата Кристин Лагард ги повика државите да ја прекинат политичката нестабилност во Каталонија што е можно поскоро.

Сега постојат три можни сценарија пред Каталонија. На прво место провинцијата може да ја напушти Шпанија, но дури и тоа да се случи при можни поповолни услови (дозвола од Мадрид, останување во ЕУ и слично), ефектот врз економијата ќе биде тежок.

Втората опција е Каталонија да прогласи независност и да ја напушти ЕУ, без да бидат признати од другите европски земји. Ова ќе доведе до масовно бегство на компаниите од ваквиот чекор, што ќе претставува сериозен удар не само за Каталонија, туку и за цела Шпанија.

Помасовно ќе е повлекувањето на бизнисот во случај да се реализира третото сценарио – отворена конфронтација, што сепак е и најмалку веројатно, прогнозираат аналитичарите пред руската агенција.

На 10-ти октомври, премиерот на Каталуња, Карлес Пукемон прогласи независност, но го одложи влегувањето во сила на декларацијата додека не се одржат разговори со Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП