29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо тимот на колото место обезбеди одличниот Штербик (видео)

Во тимот на колото место обезбеди одличниот Штербик (видео)

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, го предводи идеалниот тим на петтото коло во Лигата на шампионите.

Штербик, кој одбрани во извонредна форма од почетокот на сезоната, со 15 интервенции го предводеше Вардар до победата над Барселона 27:24.

Вардар по пет натпревари ја предводи А групата со девет бодови, еден повеќе од Рајн Некар, следуваат ПИК Сегед и Барселона со по седум, Нант има пет, ППД Загреб два, на последните две места со по еден бод се Висла и Кристијанштад.

Во тимот на колото на најдобар среден бек е македонскиот репреzентативец Немања Прибак, кој во ремито помеѓу Бешикташ и Мотор Запорожје (28:28) постигна 12 голови.

Тимот на колото можете да го погледнете на следниот линк

Тимот на 5.коло во Лигата на шампиони:

Голман: Арпад Шетрбик (Вардар)
Лево крило: Бастер Јул-Ласен (Алборг)
Лев бек: Менсах Ларсен (Рајн Некар)
Среден бек: Немања Прибак (Бешикташ)
Десен бек: Алекс Душебаев (Кјелце)
Десно крило: Михаел Дашек (Висла)
Пивот: Никола Турно (Нант).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП