23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотегот на Безос кој ќе ги израдува Британците

Потегот на Безос кој ќе ги израдува Британците

Американската компанија за онлајн трговија „Amazon“ соопшти дека планира отворање на нов дистрибутивен центар во 2018 година во Болтон, на северозападот во Англија.

Од „Amazon“ порачаа, како што пренесува Ројтерс, дека веќе започнале со регрутирање на кандидатите за 1,200 работни места на неодредено време, во рамките на најновата експанзија во Британија.

Оваа компанија минатата година отвори четири центри, со повеќе од 3.500 работни места.

Во соопштението се наведува дека новиот дистрибутивен центар во Болтон ќе биде опремен со напредната технологија „Amazon Robotics“, која во фабриката ќе го потпомогне процесот за припрема на производите за испорака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП