29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla отпушти стотици вработени во текот на изминатата недела

Tesla отпушти стотици вработени во текот на изминатата недела

Американскиот производител на луксузни електрични автомобили „Tesla Inc“ отпушти околу 400 вработени оваа недела, вклучувајќи соработници, тимски лидери и супервизори. Ова беше објавено од страна на „Ројтерс“ од поранешен вработен кој сакаше да биде анонимен.

Отпуштањата се резултат на годишниот корпоративен преглед, рече „Tesla“ во електронска пошта без да го потврди бројот на лица кои ја напуштаат компанијата. Отпуштањата, сепак, беа потврдени со перформансите на компанијата, вели изворот кој работел на производна линија и бил ослободен, иако никогаш не добил лоша проценка.

Претходно овој месец, „Tesla“, со седиште во Пало Алто, Калифорнија, рече дека потешкотиите во производството се причина за забавување на планираното ослободување на повеќе единици од новиот седан „Model 3“ дизајниран за масовниот пазар.

Компанијата има испорачано 220 автомобили „Model 3“ и произведе 260 во третиот квартал. „Model 3“, чија почетна цена од 35.000 долари е половина од „Model S“, се појави на пазарот во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП