25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung во третиот квартал очекува најголема заработка во историјата

Samsung во третиот квартал очекува најголема заработка во историјата

Компанијата „Samsung“ соопшти дека во третиот квартал од оваа година очекува најголема заработка во историјата, и тоа откако од април до јуни заработи 12,6 милијарди долари.

Оваа година „Samsung“ бележеше константен раст на приходите, а секоја нова пресметка по квартали донесе рекордни профити.

Според сегашните проценки на Јужнокорејците, во јули, август и септември, „Samsung“ заработи близу 13 милијарди долари. Тоа е најголемиот профит на оваа компанија за еден квартал во годината.

Јужнокорејскиот гигант исто таа соопшти дека очекува консолидираната продажба во изминатите три месеци од 2017 година ќе им донесе дополнителни 54,7 милијарди долари.

Овие одлични деловни резултати покажуваат дека „Samsung“ закрепнал по минатогодишниот скандал во врска со мобилниот телефон „Galaxy Note 7“. Овогодишниот модел „Galaxy Note 8“ исклучително придонесе за зголемување на профитот на компанијата за дури 179 проценти.

Покрај зголемување на продажбата на нови модели на мобилни телефони, „Samsung“ бележи и зголемување на продажбата на мемориски чипови кои се користат при производство на паметни телефони и компјутери.

Бројни аналитичари сметаат дека „Samsung“ оваа година ќе го надмине „Intel“ кој веќе долго е прв во светот по производство на чипови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП