19 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 14-15.10.2017

Викенд хороскоп 14-15.10.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можете да очекувате прилично мирна ситуација на деловен план, без поголеми промени или компликации. Во љубовта ако сакате да освоите некое лице кое ви се допаѓа викендов е добар за тоа.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ви доаѓа значително финансиско подобрување. Пред вас е многу поволен викенд во кој ќе имате среќа. Во полето за љубов викендот ви е многу поволен за љубов и страст.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се поминува во најдобар ред. Можно е дека ќе имате прилика и малку да се одморите од работата. Саканото лице ви е максимално посветено и сака да ви пружи убави емоции. Уживајте заедно.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можно е да имате некои мали недоразбирања во комуникацијата со деловното опкружување и тоа прилично да ве оптеретува. Во љубовта нема потреба да ги криете своите чувства и желби од партнерот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе барате начин да остварите подобра заработка. Сметате дека една работа не ви е доволна. Во љубовта лесно ќе влегувате во конфликти со саканото лице бидејќи сте прилично нервозни.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сега имате прилика да промените некои работи кои не ви одговараат во работното опкружување. Во љубовта доколку сте слободни можете да очекувате прилика за необврзувачки флерт со една многу атрактивна личност.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе покажете колку сте искусни во својата работа, лесно ќе се снаоѓате во некои ситуации кои за другите се проблематични. Во љубота ќе уживате покрај саканото лице и ќе бидете сигурни дека сте го избрале вистинското лице за себе.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можете да очекувате многу успешен викенд. Ако и бидете посветени на работата ќе остварите добри резултати. Во љубовта отворено ги покажувате своите емоции кон лицето кое ви се допаѓа.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ако сакате луѓето во деловното опкружување серизно да ве сфатат, започнете да се однесувате сериозно кон работата. Во љубовта во моментов ќе ви одговара да бидете сами.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можете да очекувате прилика да покажете колку сте способни. Можете да се надевате на позитивен ден. Во љубовта ќе уживате во заедничките моменти кои ќе ги поминете со саканото лице.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Време е да се соочите со некои проблеми кои сте ги имале во минатото и да преземете одговорност. Саканото лице од вас очекува да му покажете дека секогаш сте тука за него.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да очекувате многу позитивна атмосфера на полето за работа. Ќе успеете да остварите успех заедно со своите колеги. Подготвени сте за нови случувања на љубовен план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП