29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто не им се допаѓа на корисниците на Sony?

Што не им се допаѓа на корисниците на Sony?

По анализа на повратните информации во руската платформа „Јандекс“, стана познато од што најчесто се незадоволни корисниците на телефоните на „Sony“.

Многумина остануваат разочарани, но тоа не е некаков исклучок. Речиси за секој уред на сајтот може да се открие негативен коментар.

Ви ги претставуваме трите најчести поплаки, доколку планирате да се подновите со модел на „Sony“. Поточно тие се однесуваат за неколку телефони – „Xperia XA1“, „Xperia XA“, „Xperia XZ Premium“ и „Xperia X Compact“.

Еве од што се незадоволни нивните сопственици:

Работата на екранот осетлив на допир

Јасно се забележува дека Sony има познати проблеми со екраните на допир на своите паметни телефони. Често може да се сретне со негативни критики поврзани со некоректна работа на екранот на допир или одбивањето да работи.

Сопствениците се принудени да контактираат со сервисен центар уште додека уредите се под гаранција

Материјалот на куќиштето

Многу корисници на „Sony“ се незадоволни од куќиштето на уредот. Морале постојано да го чистат за да ги отстранат отпечатоците од прсти. Освен тоа од информациите, станува јасно дека бојата доста брзо се брише.

Силината на звукот

Излегува дека „Sony“ моделите не се погодни за музичари. Постојат многу негативни рејтинзи за јачината на звукот. Конкретно, потрошувачите се жалат дека звучниците се послаби од оние на другите производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП