23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ4 научно докажани начини за подобра попладневна дремка

4 научно докажани начини за подобра попладневна дремка

Најидеално би било кога сите би можеле на средина од работниот ден малку да паузираме и да дремнеме за да ги наполниме батериите.

Но, бидејќи ова е невозможно, би било добро да знаеме неколку делотворни трикови. Докторката Сара Медник, истражувач на спиењето и автор на неколку дела, неодамна откри четири чудесни трика.

1. Магичниот број: 90 минути

Според докторката Медник, 90-минутната дремка е подеднакво корисна колку и спиењето во текот на ноќта – секако ако претходната ноќ не сте спиеле доволно. Па, ако имате вишок време, фрлете му се на креветот.

„Тајната е во тоа што со 90 минути спиење минувате низ сите фази на сонот. А кога ќе се разбудите, ќе имате подобра концентрација, подобро ќе помните, помало е нивото на стрес и подобро ќе ви работи метаболизмот“, вели таа.

2. Ако и после дремката се чувствувате уморно, пробајте го следното

Не сите се будат после дремката освежени. Ако е тој случај токму и со вас, скратете го периодот на дремката за да не стигнете бавно-брановата фаза од сонот.

„Од длабокиот сон многу потешко се будиме, токму затоа на некои луѓе им се препорачува само 10 до 15 минути сон. А со тие 10 до 15 минути ќе дојдете до втората фаза на сонот, што е многу важно за помнењето и вашето здравје“, објаснува таа.

3. Дури и кога мислите дека не сте уморни, легнете

Понекогаш може да ви претставува потешкотија да заспиете, особено ако имате малку време за тоа. Но, не грижете се, и лежењето значи многу за вашето тело.

„Дури и ако лежите само 20-тина минути, не мора да значи дека после тоа нема да заспиете. Бидете упорни и потрудете се да не размислувате за ништо. Едноставно опуштете го мозокот а потоа најверојатно и веќе ќе заспиете, дури и да не ви делува така“, вели Медник.

4. Обидете се да се одморите шест часа после станувањето

„После шест часа будност ќе ви падне нивото на концентрација и ќе ви се приспие. Токму затоа тоа е совршено време за малку да се одморите, па ако имате таква можност, секако искористете ја“, вели таа.

Ако сепак не можете да го правите ова секојдневно, искористете го било кој погоден момент.

„Потрудете се да дремнете барем три пати неделно по 20-тина минути“, советува докторката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП