20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ6 причини за да купите iPhone SE наместо новиот iPhone

6 причини за да купите iPhone SE наместо новиот iPhone

„Apple“ минатиот месец ги претстави новите „iPhone“ уреди кои одлично изгледаат и брзи се како никогаш досега, но постои голем проблем – премногу се скапи.

Доколку не сакате да дадете повеќе од 1.000 долари за мобилен телефон (колку што чини основниот модел на „iPhone“), можеби сериозно би требало да размислите за купување на „iPhone SE“ – еден од најдобрите телефони на „Apple“ досега.

„Business Insider“ наброи шест причини за тоа:

1. Со цена од само 350 долари за основниот модел, овој уред е крајно прифатлив, а притоа е долготраен и доволно квалитетен да ги задоволи сите потреби на просечниот корисник.

2. „iPhone SE“ е изненадувачки моќен. Во телефон е вграден истиот процесор кој го имаат „iPhone 6S“ и најновиот „iPad“ – станува збор за моделот „Apple A9“, кој поддржува „4K“ видео снимање, игри со висока резолуција и уште многу други.

3. Има одлична камера. Иако не поседува оптички стабилизатор на сликата и не бележи широк спектар на бои, како новите „iPhone“ уреди, што значи дека произведува фотографии со послаб квалитет при послабо светло, „iPhone SE“ има поддршка за се од „4K“ видеа до „HDR“ фотографии.

4. Со екран со големина од 4 инчи, овој телефон е значително погоден за користење. Иако во споредба со масивниот „iPhone X“ делува мал, но според изгледот не е така.

5. Има 3.5 милиметарски влез за слушалки, за разлика од сите „iPhone“ уреди претставени од 2016-та до денеска.

6. Го има истиот одличен оперативен систем како и сите останати „iPhone“ уреди, и пристап до сите производи и сервиси на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП