Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Започна сезоната на мандарините: Дали знаете колку се лековити?

Време: 13:59

Датум: октомври 13, 2017

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Кога ќе помислат на ладните есенски денови, луѓето кои се оптимисти веднаш во главата си го замислуваат мирисот на првите мандарини. Оваа вкусно и сочно портокалово овошје е всушност толку моќно што може секој од нас да го расположи. А како да не го направи тоа, кога е толку многу здраво!

Мандарините се толку многу вкусни што речиси и да не постои некој на овој свет кој што не ги сака. Меѓутоа, дали знаете дека тие за нашиот организам претставуваат нешто многу повеќе од само вкусен десерт?

Мандарините го намалуваат ризикот за добивање на рак

Мандарините можат да ја намалат можноста за добивање на рак на црниот дроб. Всушност, научниците на Универзитетот Кјото откриле дека луѓето кои имаат хроничен вирусен хепатит можат да го намалат ризикот за добивање на рак на црниот дроб ако пијат сок од свежи мандарини.

Во едногодишната студија 30 учесници кои имале вирусен хепатит секојдневно консумирале напиток кој содржел сок од мандарини. На крајот од ова истражување, ниту еден од овие испитаници не покажал знаци на рак на црниот дроб. За разлика од нив, помеѓу 45 учесници кои не го пиеле овој пијалок, 8,9 проценти од нив развиле рак на црниот дроб.

Мандарините се одличен извор на Витамин Ц

Мандарините можат да ви дадат и до 80 проценти од потребниот дневен внес за витамин Ц. А витаминот Ц е и повеќекратно корисен, на пример во борбата со слободните радикали. Тоа се молекули со непарен број на електрони кои го бараат својот пар со што „крадат“ електрони од стабилните слободни радикали.

Ова предизвикува верижна реакција, односно премин од стабилни радикали во нестабилни, што на крајот може да доведе и до телесни оштетувања како што се оштетувања на протеините и оштетување на ДНК-та. Антиоксидансите помагаат да се спречи оваа верижна реакција и да се запрат ваквите оштетувања, а тоа, меѓу останатото го зајакнува и имунитетот.

Мандарините влијаат на холестеролот

Антиоксидансите во мандарините можат да го намалат нивото на лошиот холестерол. Тоа го постигнуваат борејќи се против слободните радикали кои го оксидираат холестеролот, а тој лесно се наталожува на ѕидовите на артериите.

Од наталожениот холестерол крвта почнува да тече забавено во артериите, што може да го зголеми ризикот за добивање на зголемен крвен притисок, мозочен удар, болести на срцето и заболувања на црниот дроб.

Мандарините ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Мандарините се извор на диететски влакна, дури 3 грама влакна на 100 гр. производ. Редовното внесување на влакна помага подолго да се чувствувате сити. Всушност на децата и на возрасните им се потребни околу 20 гр. влакна дневно.

Меѓутоа, можеби би требало да внесувате и малку повеќе, зависно од количеството на калории кои ги консумирате. На пример, мажите и тинејџерите можеби би требало да внесат околу 30 до 35 грама влакна дневно. Консумирањето на мандарини ќе ја задоволи оваа дневна потреба, а и на вас ќе ви подари уживање.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Билка која ја чисти крвта, го чува срцето и го регулира варењето

    Билка која ја чисти крвта, го чува срцето и го регулира варењето

    Покрај препознатливиот вкус, се смета за одличен антиоксидант, а ја красат и бројни лековити својства… Иако во светската кујна се користи веќе со децении, руколата…

  • Само три шолји од овој чај дневно ќе ве доведат до 8 сантиметри потенок струк

    Само три шолји од овој чај дневно ќе ве доведат до 8 сантиметри потенок струк

    Кога станува збор за метаболизмот, важно е да знаете дека најдоброто време за неговото забрзување е рано наутро, веднаш по будењето. Испијте ја првата шолја…

  • Зошто никогаш не треба да ги пребарувате на интернет своите симптоми

    Зошто никогаш не треба да ги пребарувате на интернет своите симптоми

    Речиси секое лице кое има пристап на интернет барем еднаш симптомите на некоја болест ги пребарувало на Google. Како последица на тоа најчесто се јавува…

  • Бидете внимателни, туната може да ви наштети!

    Бидете внимателни, туната може да ви наштети!

    Туната во конзерва може да биде штетна по здравјето поради полихлорираните бифенили и живата која таа ја содржи во себе. И двете состојки се присутни…

  • Четири знаци за нетолеранција на лактоза

    Четири знаци за нетолеранција на лактоза

    Дури 65 проценти од светската популација во некој степен е чувствителна на лактоза, што значи дека нивното тело отежнато ги вари млечните производи, бидејќи во…

  • Зошто е добро да пиете солена вода барем седум дена по ред

    Зошто е добро да пиете солена вода барем седум дена по ред

    Научниците се согласуваат дека чашата млака вода која ќе ја посолите исклучително поволно влијае на човековото тело. Тоа се голтки за детоксификација кои му помагаат на…

  • Неколку здрави комбинации на намирници

    Неколку здрави комбинации на намирници

    Нутриционистите често говорат дека за здравјето и добрата линија многу е важно правилното комбинирање на храната. Ви претставуваме четири комбинации на намирници кои се здрави…

  • Внесувајте го овој витамин редовно и не грижете се за тежината и салото

    Внесувајте го овој витамин редовно и не грижете се за тежината и салото

    Секој ден внесувајте 2-5 мг, а имајте на ум дека го уништува изложеноста на светло и високата температура. Витамините играат клучна улога во здравјето на…

  • Што добива телото од сувото грозје

    Што добива телото од сувото грозје

    Сувото грозје може да го зголеми сексуалниот нагон, но и да помогне при срцевите проблеми, анемијата, камењата во бубрезите… Сувото грозје можеби не изгледа спектакуларно,…

  • Намирници кои го чистат телото од никотин

    Намирници кои го чистат телото од никотин

    Сите сме многу свесни за негативното дејство на цигарите и никотинот на нашиот организам. Ако сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин…