18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го запре производството на Scirocco

Volkswagen го запре производството на Scirocco

Моделот „Volkswagen Scirocco“ повеќе нема да биде достапен, откако германскиот концерн конечно го прекина производството. „Volkswagen“ објави дека дилерите се уште имаат голем број на примероци што може да ги купат купувачите.

Спортскиот хечбек се базира на петтата генерација на „VW Golf“. Опсегот на моторот вклучува два бензински и два дизел мотори кои се движат помеѓу 140 и 200 КС. Во 2009-та година компанијата објави моќна верзија на автомобилот со додаток „R“, која е опремена со 2,0-литарски турбомотор со 4 цилиндри и развива 265 КС и 350 Nm.

„Volkswagen“ го објасни стопирањето на „Scirocco“ поради ниската побарувачка. Уште на почетокот на годината компанијата предложи „проштална“ верзија на хечбекот. Подоцна се појавија информација дека моделот може да биде ревитализиран како спортско електрично купе, но од германскиот производител засега не го потврдуваат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП