25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ќе инвестира милијарда долари во прилагодување на работниците на новите технологии

Google ќе инвестира милијарда долари во прилагодување на работниците на новите технологии

Компанијата Google ќе инвестира милијарда долари во наредните пет години за да им помогне на луѓето да се прилагодат на промените на пазарот за труд.

Оваа, досега најголема непрофитна донација, ќе биде наменета за Американите со цел што подобро да се адаптираат на промените на пазарот за труд .

Тоа покажува дека една од највредните компании на светот признава дека сноси дел од одговорноста за рапидниот развој на технологијата која радикално ја менува индустријата и ги елиминира работните места во САД и ширум планетата. „Природата на работата фундаментално се менува. И тоа ја зголемува врската меѓу образованието, тренингот и можностите“, изјави првиот човек на Google, Сундар Пикаи.

„Третина од работните места до 2020 година ќе бараат вештини кои денес не се вообичаени. Тоа е голем проблем“, вели тој.

Поголем дел од парите, Google ќе ги донира преку милион часа тренинг и обуки, додека грантот во пари ќе изнесува 10 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП