Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,595.80 0.62%    BESK 11,000.07 -0.92%    KMB 2,800.00 -0.01%    MKSD 232.00 0%    MPT 28,032.26 -0.95%    OHB 5,367.09 -1.52%    REPL 52,500.00 -0.23%    RZLV 45.00 0%    RZUS 129.00 1.57%    SBT 2,180.00 -2.64%    STB 940.91 -0.33%    STBP 680.00 0%    TEL 274.50 0.92%    TNB 13,300.00 -1.48%    TTK 828.00 0.12%    

BASF купува дел од средствата на Bayer за речиси 6 милијарди евра

Време: 10:58

Датум: октомври 13, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Германскиот нафтено-хемиски концерн „BASF“ ќе купи дел од бизнисот со земјоделски производи на „Bayer“ за 5,9 милијарди евра (7 милијарди долари), со што влегува на пазарот за генетски модифицирани семиња. „Bayer“ во моментов се обидува да продаде дел од своите средства за да го расчисти „патот“ за купувањето вредно 66 милијарди долари на „Monsanto“, коментира „Bloomberg“.

Во најголемото стекнување досега „BASF“ купува хербициди на „Bayer“, кои се продаваат под брендовите „Liberty“, „Basta and Finale“, како и бизнисите со семиња за одредени пазари, вклучувајќи хибридите на канола за Северна Америка, маслодајни репки за Европа, памук во Америка и Европа , како и семе од соја во Америка, објави германскиот „BASF“ во изјавата од петокот.

Со договорот, „BASF“ исто така се здобива со портфолиото на производот „Libertylink“. Тоа е алтернатива на „Monsanto’s Roundup Ready“. „Убиецот“ на плевелот е една од причините зошто купувањето на „Monsanto“ од страна на „Bayer“ се смета за контроверзно. Со најпродаваниот производ за заштита на растенијата на „Monsanto“ во светот, компанијата прави добри зделки во текот на неколку децении, но цените веќе се под силен притисок поради појавата на конкуренти.

Трансакциите бележат промена во насоката на најголемата хемиска компанија во светот, која досега следеше отстрани, додека трансакции за 160 милијарди долари го консолидира пазарот. Во минатото, главниот извршен директор Курт Бок се сомневаше во враќањето на сериозните инвестиции потребни за развој и промовирање на генетски модифицираните култури. Купувајќи средствата на „Bayer“, „BASF“ ја победи „Syngenta“ купена од „China National Chemical“ за 46 милијарди долари во минатата година, која исто така се бореше за средствата, велат запознаени извори.

За „Bayer“, ова е одлучувачки потег за да се добие регулаторно одобрување од властите за купување на „Monsanto“. Претставници на конкуренцијата во Европската унија неодамна ставија пауза на антимонополската истрага, обидувајќи се да се соберат повеќе информации за тоа како зделката ќе влијае на конкуренцијата на клучни производи кои се користат од земјоделците.

„Подготвуваме активен пристап, за да најдеме решение со потенцијалните регулаторни стравувања, целта е да го олесниме успешното завршување на договорот со „Monsanto““, рече извршниот директор на „Bayer“, Вернер Бауман во одделна изјава.

Единиците кои ќе бидат стекнати од „BASF“, бележат продажба за 2016-та година од околу 1,3 милијарди евра и добивка пред камата, даноци, депресијацијата и амортизацијата за околу 385 милијарди евра.

Трансакцијата исто така вклучува интелектуална сопственост, канцеларии и повеќе од 1.800 вработени, особено во САД, Германија, Бразил, Канада и Белгија. Зделката зависи од завршувањето на трансакцијата меѓу „Bayer“ и „Monsanto“, а компаниите очекуваат да заврши во првиот квартал од 2018-та година.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • График на денот: Најпочитуваните компании во светот

    График на денот: Најпочитуваните компании во светот

    Рангирањето „Forbes Global 2000“ е добро познато годишно задолжително деловно читање. Оваа година за прв пат „Forbes“ се обединува со „Statista“ за да го однесе…

  • Пазарната капитализација на Microsoft надмина 600 милијарди долари

    Пазарната капитализација на Microsoft надмина 600 милијарди долари

    Пазарната капитализација на американскиот технолошки концерн „Microsoft“ за прв пат од 3-ти јануари 2000-та година, надмина 600 милијарди долари, објави „MarketWatch“. Претходно, овој праг беше…

  • P&G успеа да ги исполни очекувањата за добивка и продажба

    P&G успеа да ги исполни очекувањата за добивка и продажба

    „P&G“, најголемиот производител на производи во светот, ги надмина проценките на „Вол Стрит“ за своите профит и продажба. Релативно послабата продажба сепак најверојатно ќе му…

  • И шефот на Goldman Sachs го потврди селењето во Франкфурт

    И шефот на Goldman Sachs го потврди селењето во Франкфурт

    Како и другите светски банки на кои Лондон им беше дом, и Goldman Sachs веќе најави дека се сели по Брегзит. Сега тоа го потврди…

  • За Unilever нема ништо убаво во лошото време

    За Unilever нема ништо убаво во лошото време

    Британско-холандската компанија „Unilever“ забележа помала од очекуваната продажба за третиот квартал, губејќи пазарен удел за сметка на помалите конкуренти и потиснување на надежите да ја…

  • Јава тренинг – Сеавус талент програма

    Јава тренинг – Сеавус талент програма

    Како дел од Сеавус Талент програмите, во тек е пријавувањето за обука од областа на Јава технологијата. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти…

  • Фабриката “Фени” доби нови сопственици

    Фабриката “Фени” доби нови сопственици

    Бугарската компанија „Енекод“ денеска ќе потпише договор за преземање на фабриката „Фени“, сите 850 вработени остануваат на работа. На вработените ќе им биде исплатена септемвриската…

  • PayPal ги надмина пазарните очекувања

    PayPal ги надмина пазарните очекувања

    Платежната услуга „Paypal“ успеа во третиот фискален квартал повторно да забележи значителен раст на својот бизнис и повторно ги надмина целите за целата година, пренесува…

  • Nestle забележа пад на продажбата

    Nestle забележа пад на продажбата

    Швајцарскиот производител на храна и пијалоци „Nestle“ соопшти дека во првите девет месеци од оваа година забележал пад на продажбата за 0,4 проценти, на вредност…

  • Skopje City Mall – препознатливо обележје на модерно Скопје

    Skopje City Mall – препознатливо обележје на модерно Скопје

    Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој во изминатите години успеа да ги обедини шопингот, забавата и…