Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,595.80 0.62%    BESK 11,000.07 -0.92%    KMB 2,800.00 -0.01%    MKSD 232.00 0%    MPT 28,032.26 -0.95%    OHB 5,367.09 -1.52%    REPL 52,500.00 -0.23%    RZLV 45.00 0%    RZUS 129.00 1.57%    SBT 2,180.00 -2.64%    STB 940.91 -0.33%    STBP 680.00 0%    TEL 274.50 0.92%    TNB 13,300.00 -1.48%    TTK 828.00 0.12%    

Биткоинот соборува рекорди, „брка“ 6.000 долари

Време: 10:34

Датум: октомври 13, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Најпопуларната крипто-валута – биткоин, ги сруши сите рекорди, приближувајќи се на цена од 6.000 долари.

За време на денешната трговија крипто-валутата поскапе до рекордната вредност од 5.856.10 долари, а за прв пат во својата историја го мина нивото од 5.800 долари, покажуваат податоците на „CoinDesk“.

Значи, од почетокот на месецот, биткоинот забележа поскапување од 1.508 долари. Со други зборови, за само 2 недели, цената на виртуелната валута се зголеми за речиси 35%.

За споредба, бикоинот го затвори претходниот месец (септември) по цена од 4.348.13 долари.

Новиот рекорд ја започна пазарната капитализација на рекордно високо ниво до 90 милиони долари. Позитивниот биланс на дигиталната валута влијае на целиот пазар на крипто-валути чија вкупна пазарна капитализација од околу 170 милијарди долари, според податоците на „CoinMarketCap“.

Според аналитичарите, причината за големиот скок на цената на биткоинот поле може да се најде во вестите од Кина. Властите во земјата, кои забранија „ICO“ прибирање на средства и принудија некои од големите онлајн берзи да прекинат си работа, изгледа може да направи за реализација на своите намери.

Според државната новинска агенција „Ксинхуа“, трговијата со крипто-валути може да се обнови во Кина, но под некоја форма на регулирање. Ова е позитивна, иако непотврдена вест, бидејќи се шпекулираше дека земјата може целосно да го задуши виртуелниот девизен пазар.

Од друга страна, ситуацијата во Јапонија е доста поволна за биткоинот. Земјата на изгрејсонцето ги легализира крипто-валутите како платежно средство и почна да ги лиценцира онлајн берзите во земјата.

Со други зборови, Јапонија отвори уште повеќе можности за виртуелните валути и создаде регулаторна рамка која не само што не ги ограничува, туку им дава поголема доверба. Ова се потврдува и од податоците на „CryptoCompare“ кои покажуваат дека сериозен дел од нарачки на биткоинот се во јапонскиот јен.

На позадината на тоа, директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјави за време на годишната средба на организацијата во Вашингтон дека е крајно време централните банки и регулаторите да почнат да ги земаат сериозно крипто-валутите, пренесува „CNBC“.

„Мислам дека ќе бидеме сведоци на сериозен расцеп“, рече Лагард, посочувајќи дека виртуелните валути веќе го потресуваат конвенционалниот финансиски систем и оние кои се прават дека не го гледаат ова преземат поголем ризик.

Запрашана дали го смета биткоинот за измама, како што го нарече шефот на „JPMorgan“, директорот на ММФ одговори дека не треба да се брза со категоризација на крипто-валутите, бидејќи тие се многу повеќе од шема на Понци и пак слични дефиниции.

Во моментот на објавување на материјалот биткоинот се тргува за сума од 5.521.46 долари.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Fitch очекува корекција на „прескапиот“ пазар на деловни канцеларии во Лондон

    Fitch очекува корекција на „прескапиот“ пазар на деловни канцеларии во Лондон

    „Fitch“ проценува дека ќе има корекција на „прескапиот“ пазар на деловни канцеларии во Лондон, објави „Financial Times“. Агенцијата вели дека „Brexit“ веќе има негативно влијание…

  • Доверителите се враќаат во Грција со стравувања за неостварени реформи

    Доверителите се враќаат во Грција со стравувања за неостварени реформи

    Претставници на институциите, давателите на заеми за Грција, се враќаат во Атина за подготовките на третиот преглед на извршувањето на буџетот на земјата, а стравувањата…

  • Internet World Stats: Над 1,5 милиони Македонци користат интернет, а еден милион користат Фејсбук

    Internet World Stats: Над 1,5 милиони Македонци користат интернет, а еден милион користат Фејсбук

    Според податоците на специјализираниот интернет портал Internet World Stats, 1.503.315 македонци користат интернет, што претставува 72,2 проценти од вкупното население, а милион луѓе ја користат социјалната…

  • Денес постудено, облачно и со повремен дожд

    Денес постудено, облачно и со повремен дожд

    Под влијание на влажен и студен воздушен бран од денес ќе преовладува облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено…

  • Во Германија едвај составуваат крај со крај, во Бугарија им е рај

    Во Германија едвај составуваат крај со крај, во Бугарија им е рај

    Бугарскиот дневен весник „Труд“ наведува дека германските пензионери се повеќе ги потиснуваат Британците кога станува збор за купувањето на недвижнини во Бугарија, пренесува БТА. Се…

  • 23 Октомври-Ден на македонската револуционерна борба

    23 Октомври-Ден на македонската револуционерна борба

    Денес во Република Македонија се празнува 23 Октомври- Денот на македонската револиционерна борба. Празникот се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон…

  • Мало забавување на руската економија

    Мало забавување на руската економија

    Економското закрепнување на Русија од двегодишната рецесија, која заврши во 2016 година, забави во третиот кватал, изјави рускиот министер за економија Максим Орешкин. „Бруто домашниот производ…

  • Кина има стапка на невработеност под 4 проценти

    Кина има стапка на невработеност под 4 проценти

    Кина ја задржа стапката на невработеност под 4 проценти, соопшти кинеското Министерство за труд, кое информираше дека 10,97 милиони работни места биле отворени од јануари…

  • Германија ги намалува придонесите за пензиско осигурување

    Германија ги намалува придонесите за пензиско осигурување

    Германија планира следната година да ги намали придонесите за пензиско осигурување што ги собира од работодавачите и вработените за 1,3 милијарда евра, благодарение на рекордно…

  • Македонските инженери дел од моторот што ја движи Европската унија

    Македонските инженери дел од моторот што ја движи Европската унија

    Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и покрај тоа што не е голема, сепак има огромна предност во тоа што сите…