Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,595.80 0.62%    BESK 11,000.07 -0.92%    KMB 2,800.00 -0.01%    MKSD 232.00 0%    MPT 28,032.26 -0.95%    OHB 5,367.09 -1.52%    REPL 52,500.00 -0.23%    RZLV 45.00 0%    RZUS 129.00 1.57%    SBT 2,180.00 -2.64%    STB 940.91 -0.33%    STBP 680.00 0%    TEL 274.50 0.92%    TNB 13,300.00 -1.48%    TTK 828.00 0.12%    

Евролига: Фенер загуби во Малага, победнички старт за Реал, Олимпијакос, ЦСКА, Макаби

Време: 09:55

Датум: октомври 13, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, Фенербахче, со пораз во Малага ја отвори новата сезона. За разлика од Фенербахче фаворитите Реал Мадрид, ЦСКА Москва, Олимпијакос и Макаби забележаа победи во првото коло.

Првото коло во елитното кошаркарско натпреварување ги соочи освојувачот на Еврокупот Уникаха и европскиот шампион Фенрбахче. Во Малага, во драматичен меч славеа домаќините 68:67 (20:20, 16:21, 14:16, 18:10).

По израмнетата прва четвртина Фенербахче ја презеде контролата врз играта и во 29 минута имаше двоцифрена предност 47:57. Кошаркарите на Фенербахче потоа влегоа во еден лош период му дозволија на домаќинот серија 15:2, а на 124 секунди до крајот Уникаха водеше 68:60.

До крајот домашните кошаркари не поентираа ниту еднаш Фенер постигна седум поени во низа, го имаше и последниот напад, но обидот на Слукас заврши на првиот обрач.

Грузиецот Шермандини ја предводеше Уникаха со 12 поени, а на спротивната страка Костас Слукас имаше учинок од 15 поени, 5 скока и 7 асистенции.

Кошаркарите на Реал славеа во Истанбул кај Анадолу Ефес 74:88 (19:28, 17:17, 20:17, 18:26). Реал победи благодарение на одличното издание на двоецот Лука Дончиќ-Густаво Ајон, а клучната предност ја стекна во финишот на првата и на почетокот на последната четвртина.

Лука Дончиќ, кој пред еден месец со Словенија стана европски првак, го предводеше Реал со 27 поени (12 од нив во последната четвртина), додека Ајон оставри двоен ефект од 16 поени и 10 скокови.

Кај Ефес се истакна МекКолум со 26 поени, а по 17 кошеви постигнаа Лидо и Данстон, кои заедно имаа 16 скокови.

ЦСКА потешко од очекувањата и од она што го покажува конечниот резултат славеше над Милано. „Армејците“ победија 93:84 (16:30, 22:18, 27:16, 28:20), а отпорот на противникот, кој во првиот дел неколку пати имаше предност од 14 поени, го скршија по 33.минута.

Четворица кошаркари се истакнаа кај ЦСКА: Кори Хигинс постигна 21, Чачо Родригез забележа 20 поени и по 5 скока и асистенции, Нандо Де Коло уфрли 19, а Вил Клејбурн 15 поени.

Во редовите на Милано најефикасни беа Ендрју Гаудлок со 17 и Владимир Мицов со 16 поени.

Олимпијакос иако во некомплетен состав ја оправда фаворитската улога против Баскониа. Мечот се одигра на Крит во „Хераклион“ арена, а Олимпијакос славеше со 75:64 (16:12, 25:21, 19:16, 15:15).

Со исклучок на првите седум минути домаќинот констатнтно беше во предност, а во најголем дел од мечот таа беше двоцифрена.

Принтезис постигна 17, Аграванис 13, а Папниколау 10 поени за победникот, додека Шенгелија со 13 и Гренџер со 12 поени беа најефикасните кај Баскониа. Овој тим од сезонава го предводи прославениот Аргентинец Пабло Приџони.

Макаби кој оваа сеозна има комплетно нов тим и нов тренер (Невен Спахија) гостуваше во Бамберг и убедливо го порази Бросе Баскет 71:88 (20:14, 16:23, 23:18, 12:33).

Макаби го декласира својот противник во последниот период во кој успеа да постигне 33 поени.

Пјер Џексон, кој минатата сезона еден месец играше за Цедевита, со 27 поени беше најефикасен на теренот, додека грчкиот ветеран Никос Зисис за Бросе постигна 16 кошеви.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Полесен и побрз: Porsche има нов модел – 911 Carrera T (фото+видео)

    Полесен и побрз: Porsche има нов модел – 911 Carrera T (фото+видео)

    „Porsche“ им понуди на купувачите уште еден „дериват“ на војот најпознат модел „911 Carrera“. „Porsche 911 Carrera Touring“ (T) е замислен како полесна, „возачка“ верзија…

  • Fitch очекува корекција на „прескапиот“ пазар на деловни канцеларии во Лондон

    Fitch очекува корекција на „прескапиот“ пазар на деловни канцеларии во Лондон

    „Fitch“ проценува дека ќе има корекција на „прескапиот“ пазар на деловни канцеларии во Лондон, објави „Financial Times“. Агенцијата вели дека „Brexit“ веќе има негативно влијание…

  • Кина може да стане лидер во 5G технологијата

    Кина може да стане лидер во 5G технологијата

    Следната револуција во мобилната технологија се чини дека ќе е водена од Кина. „5G“, петтата генерација на мобилната мрежа, се уште не постои, но има…

  • Два месеци пауза за Теодосиќ

    Два месеци пауза за Теодосиќ

    Српскиот плејмејкер, Милош Теодосиќ, поради повредата на стапалото би можел да паузира во наредните два месеци. Теодосиќ се повреди изминатата ноќ на натпреварот помеѓу ЛА…

  • График на денот: Најпочитуваните компании во светот

    График на денот: Најпочитуваните компании во светот

    Рангирањето „Forbes Global 2000“ е добро познато годишно задолжително деловно читање. Оваа година за прв пат „Forbes“ се обединува со „Statista“ за да го однесе…

  • Primm Ranch- веројатно најелегантниот ранч (фото)

    Primm Ranch- веројатно најелегантниот ранч (фото)

    Primm Ranch е многу простран, неверојатен, но изненадувачки елегантен имот. Зазема простор од 10 хектари и е дело на фантазијата на Гери Прим. Во ноември,…

  • Не е мит – моделите на „Toyotа“ навистина се најсигурни

    Не е мит – моделите на „Toyotа“ навистина се најсигурни

    Годишниот извештај на американскиот „Consumer Reports“ покажува дека од 10 најсигурни нови модели на тој пазар, дури 7 имаат излезено од фабриките кои се во…

  • 5 дневни ритуали кои ќе ве одведат до успехот

    5 дневни ритуали кои ќе ве одведат до успехот

    Најчесто велиме дека се може да се научи за да се постигне нешто, но до големи промени може да дојде дури кога ќе се променат…

  • Доверителите се враќаат во Грција со стравувања за неостварени реформи

    Доверителите се враќаат во Грција со стравувања за неостварени реформи

    Претставници на институциите, давателите на заеми за Грција, се враќаат во Атина за подготовките на третиот преглед на извршувањето на буџетот на земјата, а стравувањата…

  • Internet World Stats: Над 1,5 милиони Македонци користат интернет, а еден милион користат Фејсбук

    Internet World Stats: Над 1,5 милиони Македонци користат интернет, а еден милион користат Фејсбук

    Според податоците на специјализираниот интернет портал Internet World Stats, 1.503.315 македонци користат интернет, што претставува 72,2 проценти од вкупното население, а милион луѓе ја користат социјалната…