Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,650.00 0.02%    BESK 9,991.00 -3%    GRNT 824.02 0.32%    KMB 3,152.12 0.17%    MTUR 4,250.00 1.19%    OHB 5,200.00 4%    OKTA 3,111.00 -8.96%    RMDEN16 94.40 0%    RZUS 113.00 9.51%    SLAV 6,100.00 95.89%    STB 960.00 1.65%    STIL 151.56 0.58%    TIKV 153.00 -2.55%    TKVS 3,202.00 1.72%    TNB 13,228.04 0.22%    TTK 951.17 1.04%    UNI 2,000.00 0.03%    ZPKO 2,710.00 4.23%    

Фетел: Се уште не сум размислувал за пензија

Време: 09:00

Датум: октомври 13, 2017

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четирикратниот Ф1 шампион Себастијан Фетел вели дека не размислува за повлекување од спортот откако во интервју за „Плејбој“ беше прашан дали може да го следи примерот на Нико Розберг, кој се повлече по освојувањето на светската титула.

„Не сум размислувал за тоа. Тоа е многу голема одлука, нешто што не се носи спонтано. Нико сакаше да се пензионира за да има помирен живот, но го гледам како трча од еден состанок на друг. Јас кога имам слободна недела, лежам на кревет“, вели Фетел посочувајќи ја работата на Розберг како ТВ-коментатор и како менаџер на Роберт Кубица.

Германецот освои четири титули со тимот на Ред бул, пред да направи трансфер во Ферари, каде што ова е трета сезона без титула.

„Мислам дека секој кој седнал во болид на Ферари знае дека е нешто посебно. Уште не сум станал шампион со Ферари и не знам да ли би сакал да бидам во друг тим“, објаснува Фетел.

30-годишниот Фетел оваа година беше на удар на критиките поради неговиот темпераментен стил кој најдобро се покажа на Азербејџанското ГП, кога се удри намерно во Луис Хамилтон.

„Јас сум тој што сум. И го сакам тоа што го правам“, вели Фетел.

Даниел Рикјардо, возачот на Ред бул, со кого Фетел помина една година заедно, вели дека токму темпераментот е негов „адут“.

„Кога ќе дојде жештината на моментот, тој веднаш реагира, и тоа емотивно. Но, кога ќе помине тој наплив на адреналин, тој има одличен приод кон работите. Емоцијата доаѓа од страста. Знам дека тој го живее Ф1 светот повеќе од кој било од ривалите и затоа е толку силен. Кога ќе го победев во трка во 2014, сигурен сум дека беше лут, но кога ќе завршеше трката, тој доаѓаше и ми честиташе. Кога нема да е вжештен, тој е добро образуван, најверојатно подобро од мене“, објаснува Рикјардо.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Драги е подготвен да достави предлог за европски безбедни обврзници

    Драги е подготвен да достави предлог за европски безбедни обврзници

    Проектот за нова класа безбедни финансиски средства наменети за зајакнување на еврозоната, претстои да биде претставен по речиси една година задоцнување, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се…

  • Џеко и Емерсон се поблиску до Челзи

    Џеко и Емерсон се поблиску до Челзи

    Фудбалерите на Рома Един Џеко и Емерсон Палмиери дале согласност да преминат во Челзи и сега сето тоа зависи од преговорите меѓу двата клуба, откри…

  • Дожд кај Стража и Маврово, се препорачува внимателно возење

    Дожд кај Стража и Маврово, се препорачува внимателно возење

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Наместа влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места. Слаб дожд врне во…

  • Ferrari го подготвува својот најмоќен модел со V8 мотор

    Ferrari го подготвува својот најмоќен модел со V8 мотор

    Компанијата „Ferrari“ подготвува „надуена“ модификација на суперавтомобилот „488 GTB“, која ќе го добие традиционалното име „GTO“ (Gran Turismo Omologata). Моделот ќе стане најмоќниот граѓански автомобил…

  • Amazon избра 20 градови финалисти за изградба на новото седиште

    Amazon избра 20 градови финалисти за изградба на новото седиште

    Американската технолошка компанија „Amazon“ избрала 20 градови и региони, вклучувајќи еден во Канада, за изградба на втора централа за која се тврди дека ќе генерира…

  • Санчез до крајот на денот на прегледи во Манчестер!

    Санчез до крајот на денот на прегледи во Манчестер!

    Tрансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед е само прашање на време и тоа е јасно. „Дејли Мирор“ како последна информација најавува дека Санчез до…

  • Заврши проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“

    Заврши проектот „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“

    Со Трката на келнерите и концертите на Камелеон и Фолтин синоќа завршија активностите предвидени во рамките на првото издание на проектот „Од 20-ти до 20-ти…

  • Instagram сега покажува кога последен пат сте биле активни

    Instagram сега покажува кога последен пат сте биле активни

    Популарната друштвена мрежа „Instagram“ продолжува да ја развива својата секција за размена на пораки, а сега има и нова можност која одамна е приустна на…

  • Меј: Велика Британија сака сеопфатен трговски договор со ЕУ

    Меј: Велика Британија сака сеопфатен трговски договор со ЕУ

    Британската премиерка Тереза Меј изјави дека земјата сака сеопфатен трговски договор со ЕУ, откако ќе ја напушти Унијата. Меј синоќа посочи дека Лондон би можел…

  • Владата на САД остана без пари, американскиот Сенат го отфрли новиот краток буџет

    Владата на САД остана без пари, американскиот Сенат го отфрли новиот краток буџет

    Владата на САД остана без финансирање, откако американскиот Сенат го отфрли новиот краток буџет, кој требаше да обезбеди финансирање на државните институции од 26 јануари…