Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,308.06 0.08%    BESK 9,550.00 0.53%    CEVI 1,040.00 7.88%    FERS 58,000.00 -1.69%    GRNT 759.00 -2.89%    KMB 2,696.57 -0.09%    KVAS 12,000.00 9.09%    MKSD 200.00 -7.41%    MTUR 4,100.00 0%    PPIV 38,001.00 -3.07%    RMDEN15 95.00 0%    STB 915.00 0.55%    STIL 130.00 0.78%    TEL 279.00 0.25%    TNB 13,106.10 0.03%    TTK 810.00 1.23%    UNI 1,857.00 -2.26%    

JPMorgan лесно ги надмина очекувањата за приходите и профитот за кварталот

Време: 16:47

Датум: октомври 12, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Американската банка „JPMorgan Chase“ со леснотија ги надмина очекувањата на „Wall Street“ во однос на приходите и профитот за кварталот, но најсериозниот пад во трговијата со обврзници го засенува профитот кај кредитите и повисоките каматни стапки, соопштува „Ројтерс“.

Тргувањето на финансиските пазари е повторно проблем за банката. Приходите од трговијата со обврзници е намалена со 27% во однос на истиот период од минатата година, кога таа беше поддржана од повисоката пазарна активност поради „Brexit“ и изборите во САД. Приходите од берзите исто така се намалија за 4%.

Акциите на „JPMorgan“ кој даде старт на сезоната на извештаите за банките во САД, се потопија со 0,66% до 96,20 долари во берзанската трговија.

„Резултатите се стабилни, но тие не се исклучителни“, вели аналитичарот на „Morningstar“, Џим Сигален.

Неколку големи американски банки предупредија во минатиот месец дека приходите од тргувањето со акции и обврзници ќе бидат „удрени“ во третиот квартал.

Вкупниот приход на „JPMorgan“ е намален за 21%. Главниот извршен директор Џејми Дајиман минатиот месец предвиде пад од околу 20% за кварталот.

Просечниот пораст на банкарските кредити и повисоките нето приходи од каматите во текот на кварталот помогна да се олесни „ударот“.

„Глобалната економија продолжува да се справува добро, а американските потрошувачи остануваат во добра состојба со стабилен раст на платите“, вели Дајиман во соопштението.

Вкупните приходи на банката сепак се зголемија за 2,7% до 26,2 милијарди долари, што е над просечната оценка на аналитичарите за 25,23 милијарди долари.

Нето добивката се зголеми на 6,73 милијарди долари или 1,76 долари по акција, во третиот квартал до 30-ти септември.

Аналитичарите очекуваа профит од 1,65 долари по акција, посочува „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Нето каматниот приход се зголеми за 10 отсто на 12,80 милијарди долари поради повисоките каматни стапки.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Продолжува успешната бизнис приказна, „Бакал“ пекара и во Скопје

    Продолжува успешната бизнис приказна, „Бакал“ пекара и во Скопје

    За вистинските гурмани и пребирливи консументи на бели печива, на местото на старата Ванила во ГТЦ Скопје, спроти Порта Македонија, се отвори пекарата „Бакал“.  Граѓаните…

  • Apple инвестира 390 милиони долари во зголемување на производството на чипови

    Apple инвестира 390 милиони долари во зголемување на производството на чипови

    Американскиот технолошки гигант „Apple“ ќе и даде на „Finisar Corp.“ 390 милиони долари, за да го зголеми производството на чипови кои ги поддржуваат „high-end“ карактеристики…

  • Уште еднаш потврдена позицијата на Македонски Телеком како оператор на најдобрата мрежа

    Уште еднаш потврдена позицијата на Македонски Телеком како оператор на најдобрата мрежа

    Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Резултатите се…

  • Три акции кои од 1000 долари се претвориле во над 500.000 долари

    Три акции кои од 1000 долари се претвориле во над 500.000 долари

    Инвестирањето во пазарите на капитал, но исто така и годините на трпеливост во кои не ја продавате вашата инвестиција може да ве направат богати. Денес…

  • Илјадници посетители го прославија 4-от роденден на Капитол мол(фото)

    Илјадници посетители го прославија 4-от роденден на Капитол мол(фото)

    Веќе 4 години по ред Капитол мол е една од главните дестинации за добар шопинг и забава за сите генерации – од најмладите до најстарите.…

  • Facebook е подготвен да плаќа повисоки даноци

    Facebook е подготвен да плаќа повисоки даноци

    Американската социјална мрежа „Facebook“ објави дека ќе започне да ги пријавува своите приходи од реклами на локално ниво, наместо да ги пренасочува во меѓународното седиште…

  • Wizz Air победи на Aviation 100 “Европска авиокомпанија на годината”

    Wizz Air победи на Aviation 100 “Европска авиокомпанија на годината”

    Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа Wizz Air,  ја освои наградата за „Европска авиокомпанија на годината – Aviation 100“. Наградата ја прими Оуин…

  • Cashback World прави револуција во пазарењето: Враќање пари при секое купување!

    Cashback World прави револуција во пазарењето: Враќање пари при секое купување!

    Cashback World е најголемата куповна заедница во светот, која брои повеќе од 8 милиони членови што ги уживаат атрактивните трговски предности во форма на Cashback…

  • Inditex продава 16 продавници на Zara поради зголемена онлајн продажба

    Inditex продава 16 продавници на Zara поради зголемена онлајн продажба

    „Inditex SA“, најголемиот трговец на облека во светот, бара купувач за 16 продавницата на „Zara“ на Пиринејскиот Полуостров, каде се повеќе почнува да просперира онлајн…

  • Постапката за продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд е комплетирана

    Постапката за продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд е комплетирана

    Денес, 12-ти Декември, 2017 година во НЛБ Галеријата во Скопје, беше потпишан договор за продажба на НЛБ Нов пензиски фонд, пензиско друштво кое управува со…