28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook претстсави нови очила за виртуална реалност

Facebook претстсави нови очила за виртуална реалност

Американскиот технолошки гигант „Facebook“ претстави нови виртуелни реални очила за кои не треба посебен компјутер за работа. Со овој потег, компанијата ќе дозволи поголема мобилна употреба, отколку постоечкиот продукт „Oculus Rift“, рече главниот извршен директор Марк Цукерберг.

Говорејќи на конференција на развивачите на виртуелната реалност, тој коментираше дека уредот „Oculus Go“ ќе чини 199 долари, а испораките ќе почнат во почетокот на следната година – премногу доцна за овогодинешната божиќна сезона, но веројатно пред новите предлози на конкурентите.

„Facebook“ инвестира значително во хардвер за виртуелна реалност, бидејќи се надева дека технологијата која нуди 360 степени панорамски погледи на далечни или имагинарни места, ќе стане дел од нишката која се користи во игрите, комуникацијата и бизнисот.

Во 2014-та година, „Facebook“ плати 3 милијарди долари за да го купи „Oculus“ и да ги задржи своите вработени.

„Oculus Go“ е поедноставен хардвер од „Rift“ кој излезе на пазарот во минатата година, или системот „Vive“ кој го направи „HTC“. Двата уреди бараат десктоп поврзување за работа.

Главниот директор за технологија во „Facebook“, Мајк Швепер, коментираше дека уредот е наменет за луѓе кои немаат паметни телефони од „Samsung“. „Oculus“ и „Samsung Electronics“ веќе продаваат уред наречен „Gear VR“ што може да биде поврзан со некои телефони на „Samsung“ и благодарение на тоа наликува на „Oculus Go“.

„Alphabet“ нуди конкурентни очила наречени „Google Daydream“ кои работат со повеќе паметни телефони.

„„Оculus Go“ има потенцијал да прерасне во голем двигател на раст, ако на луѓето им се допаднат насловите и апликациите кои се нудат со нив“, вели Стефани Ламас од „Super Data“.

„Facebook“ конечно ќе ја намали цената на „Rift“ системот на 399 долари од 499 долари, соопшти компанијата. Очекувањата се дека „Facebook“ ќе продаде 213.000 примероци од „Rift“ во оваа година, а „HTC“ – околу 305.000 уреди „Vive“ според Super Data.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП