Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,932.13 -0.83%    KMB 3,397.40 2.23%    LOZP 2,400.00 14.29%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,200.00 0.02%    OKTA 3,600.00 -2.7%    RMDEN16 94.80 0%    RZLV 50.00 -5.66%    TETE 2,217.21 2.18%    ZPKO 2,812.00 -1.22%    

Владата и Југохром потпишаа меморандум за разбирање

Време: 15:30

Датум: октомври 12, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев во име на Владата на Република Македонија, управителот на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар, Васко Скендеровски и претседателот на синдикалната организација на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар, Бајрам Алити, денес го потпишаа Меморандумот за разбирање помеѓу трите засегнати страни.

Со овој Меморандум ќе се придонесе кон изнаоѓање на решение за надминување на состојбата на работењето на  фабриката Југохром Алзар од Јегуновце, односно прибавување на А-интегрирана еколошка дозвола, повторно започнување со работа на фабриката, како и враќање на работниците на работа.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека со овој Меморандум се обезбедува правна рамка, со која на инвеститорот, работниците, еколошкитe здруженија и на граѓаните во Полошкиот регион им се дава извесност и сигурност за иднината на оваа многу важна фабрика од металуршката индустрија.

„Со овој Меморандум секоја од страните се обврзува дека ќе ги заврши сопствените задачи во најкраток можен рок. На инвеститорот му е дадена сигурност дека ако ги направи планираните инвестиции, Владата ќе ги заврши сите правни процедури за да се овозоможи започнување на работата на комбинатот во најкраток можен рок. Работниците ќе се вратат на своите работни места, а со изградба на современиот систем за отпрашување, ќе се задоволат сите еколошки стандарди, со што ќе се задоволат и барањата од еколошките здруженија, но и од граѓаните на регионот“, потенцираше вицепремиерот.

Вицепремиерот уверува дека додека не се заврши системот за отпрашување, фабриката нема да добие дозвола за работа.

Васко Скендеровски, управител на Југохром, објасни дека системот за отпрашување ќе биде изграден во етапи, со вкупна вредност од околу 12 милиони евра, инвестиција на сопственикот на фабриката. Првата етапа, која опфаќа инсталирање на филтри за отпрашување на блоковите 7 и 8, ќе чини околу 4,5 милиони евра и се очекува да биде завршена до април-мај 2018 година.

„Еден од најголемите проблеми со кој се соочивме и поради кој запре процесот на работа е добивањето на дозвола за градба на филтрите. Дури 18 месеци беа потребни да се добие дозволата за изградба, а рокот за изградба беше 2 години. Со овој Меморандум јасно, концизно и кратко е дадено на знаење кои се правата и обврските на секоја од страните се до рестартирање на фабриката“, објасни Скендеровски.

Вработените од Југохром, моментално се водат како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија и очекуваат дека со потпишувањето на Меморандумот за разбирање е направен еден чекор кон  решавање на проблемите на фабриката и дека вработените наскоро би се вратиле на работа.

„Синдикатот на вработените во фабриката правеше и ќе продолжи со притисоци и кон менаџментот и кон Владата, со цел работниците да се вратат на своите работни места. Очекуваме системот на отпрашување да се изгради во предвидената динамика, вработените да се вратат на своите работни места и да бидат исполнети еколошките стандарди за фабриката да почне со работа“, истакна претседателот на синдикатот на вработените во Југохром, Бајрам Алити.

Добивањето на А-интегрираната еколошка дозвола за работа е главниот услов за продолжување со произодство и работа на Југохром Алзар, и се додека целиот процес за добивање на дозволата не заврши, фабриката ќе биде во мирување.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кина ќе преземе одмазнички мерки ако САД воведе давачки за увозот на челик

    Кина ќе преземе одмазнички мерки ако САД воведе давачки за увозот на челик

    Кина соопшти дека предложените тарифите на САД за увезените производи од челик и алуминиум се неосновани и го заслужуваат правото да одговорат со иста мерка…

  • Општина Аеродром: Еднаков пристап до финансирање за граѓанските организации

    Општина Аеродром: Еднаков пристап до финансирање за граѓанските организации

    Во просториите на Општина Аеродром се одржа првата од трите работилници за изработка на методологија за поддршка на НВО секторот и граѓанските организации. Од општината…

  • Општина Центар: Жителите на Капиштец да ги остават пред зградите старите апарати за домаќинство и мебелот

    Општина Центар: Жителите на Капиштец да ги остават пред зградите старите апарати за домаќинство и мебелот

    Општина Центар информира дека в четврток, 22.02.2018 година, ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Општината ги повикува жителите од 8:00 до 13:00 да ги…

  • Сајбер нападите американската економија ја чинеле 109 млрд долари

    Сајбер нападите американската економија ја чинеле 109 млрд долари

    Сајбер нападите во текот на 2016 година на американската економија и нанеле штета која се проценува на 57 милијарди до 109 милијарди долари, се наведува…

  • Јубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

    Јубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

    Јубилејниот 25ти по ред „Копаоник бизнис форум“ ќе се одржи од 4 до 7 март во хотелот „Гранд“ на Копаоник. Досега присуството го потврдија преку…

  • График на денот: Најбогатите градови во светот

    График на денот: Најбогатите градови во светот

    Кои градови се економските двигатели на светот и кој дел од глобалното богатство е во овие клучни урбани центри? Денешниот график ги прикажува информациите од…

  • Остар пад на доларот – тоне во однос на другите валути

    Остар пад на доларот – тоне во однос на другите валути

    На светските валутни пазари доларот минатата недела остро падна, па неговата вредност во однос на кошницата валути се лизна на најниското ниво за последните три…

  • Регулаторите на Македонија и Бугарија разговараа за поевтинување на роамингот

    Регулаторите на Македонија и Бугарија разговараа за поевтинување на роамингот

    Првите луѓе на регулаторните тела за електронски комуникации на Македонија и на Бугарија на средба во Скопје разговараа за можностите за намалување на цените на…

  • Дивидендите достигнаа рекордни 1,25 илјади милијарди долари во 2017-та

    Дивидендите достигнаа рекордни 1,25 илјади милијарди долари во 2017-та

    Глобалните дивиденди се зголемија за 7,7 отсто на рекордни 1,25 илјади милијарди долари во 2017-та година, објави Ројтерс. Причината е заживување на економијата на глобално…

  • Денес облачно со повремени врнежи од дожд

    Денес облачно со повремени врнежи од дожд

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени, главно слаби врнежи од дожд, а на повисоките места на планините со повремен снег, информираат од управата…