Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,302.07 0.01%    CEVI 964.00 2.89%    KMB 2,698.74 0%    MPT 27,000.00 0%    RZUS 105.32 2.25%    STB 910.00 0%    STIL 129.00 0%    TEL 277.73 0.89%    UNI 1,900.00 0.01%    

Партнерска соработка меѓу државата и земјоделците

Време: 14:48

Датум: октомври 12, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Руралните области во Македонија, но и во другите земји во регионот, се соочуваат со проблеми карактеристични за земјите во транзиција: интензивна депопулација, ниска активност на пазарот на труд и бавен процес на реструктуирање на земјоделските стопанства, нагласи министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на денешниот настан во рамките на проектот „Поддршка во спроведувањето на регионалната иницијатива за зајакнување на малите сопственици и семејните фарми“, финансиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Експертите сметаат дека наместо политички организации на земјоделци кои ќе ги претставуваат нивните права, на македонското земјоделство му се потребни партнери на државата во несењето на регулативата и евалуирањето на законските процеси.

Земјоделските стопанства се карактеризираат со многу мали и фрагментирани земјоделски површини, кои ги ограничуваат нивните приходи, го прават производството неефективно, нерентабилно и континуирано ја загрозуваат одржливоста на земјоделската дејност. Малите производни капацитети на овие стопанства ја ограничуваат и примената на современа технологија, а моментната техничка опременост е недоволна или застарена. Поради овие причини, тие се ретко специјализирани, додаде Николовски.

Неопходна е постепена трансформација на постојната неповолна структура на земјоделските стопанства во насока на специјализирани пазарно-ориентирани земјоделски производители кои ќе употребуваат современа техника и технологија во производството, ќе произведуваат производи со висока додадена вредност и квалитет што се бара на пазарите.

Предвидената трансформација на земјоделскиот сектор е возможна преку зголемени инвестиции, кои ќе се поддржат од буџетот во рамките на програмите за директни плаќања и рурален развој за кои в година издвојуваме 160 милиони евра, но и преку претпристапните финансиски средства од европската ИПАРД-програма, порача Николовски.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Даночните реави – војната на црните листи

    Даночните реави – војната на црните листи

    Европската унија вклучи 17 земји, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) – само една, а невладината организација „Oxfam“ – 35 земји: црните листи за…

  • Јапонската економија зема замав

    Јапонската економија зема замав

    Економијата на Јапонија порасна за 2,5 проценти во периодот јули-септември на годишно ниво, што значи дека зема замав, соопшти јапонската влада. Тој податок е повисок во…

  • Можност за совладување на предизвиците на глобалната  и динамична бизнис средина со посебни меѓународни постдипломски студии на Економски факултет – Љубљана во Скопје

    Можност за совладување на предизвиците на глобалната и динамична бизнис средина со посебни меѓународни постдипломски студии на Економски факултет – Љубљана во Скопје

    Државниот Економски факултет – Љубљана при Универзитетот на Словенија (www.ef.uni-lj.si), преку својот Регионален центар во Скопје, овозможува и отвора упис на постдипломски студии (Менаџмент и…

  • Договорено интензивно граѓанско вклучување во решавањето на најгорливите еколошки проблеми

    Договорено интензивно граѓанско вклучување во решавањето на најгорливите еколошки проблеми

    Претставници од граѓанската иницијатива „О2 коалиција за чист воздух“ и други еколошки граѓански организации и активисти синоќа имаа повеќе часовна средба со Претседателот на Владата…

  • Петте најголеми економии на ЕУ ги предупредија САД

    Петте најголеми економии на ЕУ ги предупредија САД

    Петте најголеми економии на ЕУ ги предупредија САД дека темелните реформи на американскиот даночен систем би можеле да бидат во спротивност со меѓународните обврски на…

  • ЕЦБ очекува зголемување на спојувањата во еврозоната

    ЕЦБ очекува зголемување на спојувањата во еврозоната

    Активностите за спојувања и преземања во банкарскиот сектор во еврозоната, најверојатно, ќе се забрзаат поради брзиот економски раст и намалувањето на лошиот долг. Така рече…

  • Скопје го доби Creative Hub – бизнис центар на креативноста и неформалното образование

    Скопје го доби Creative Hub – бизнис центар на креативноста и неформалното образование

    Почнувајќи од септември годинава, започна со работа првиот бизнис центар за креативност и неформално образование – Creative Hub, кој се наоѓа во строгиот центар на…

  • Поради штрајк на вработените во прекин железничкиот сообраќај

    Поради штрајк на вработените во прекин железничкиот сообраќај

    Железничкиот сообраќај е во целосен прекин, поради протест на вработените во Македонски железници, кои бараат да им биде исплатен и вториот дел од платата за…

  • БИТКОИН: Средство за плаќање или балон кој ќе пукне и ќе однесе многу во пропаст

    БИТКОИН: Средство за плаќање или балон кој ќе пукне и ќе однесе многу во пропаст

    Најраспространетата светска криптовалута – биткоин, на почетокот на декември достигна вредност од 17.000 долари. Оваа вредност повеќе нема врска со економската корист и постои опасност од пукање…

  • Денес сончево со мала облачност, од утре затоплување

    Денес сончево со мала облачност, од утре затоплување

    Времето денес ќе биде сончево со мала, а во западните делови до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува…