25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо концептот СС100 Астон Мартин ја одбележува стогодишнината

Со концептот СС100 Астон Мартин ја одбележува стогодишнината

aston

По повод стогодишнината од постоењето на компанијата Астон Мартин тие го претставија својот нов концепт наречен „CC100“.

aston1

Концептот е направен во чест на „DBR1“ тркачот кој во 1959-та година триумфираше на трката 24 часа Ле Ман. Ставнува збор за класичен двосед со тркачка конфигурација и модерен Астон Мартин дизајн.

Каросеријата му е изработена од карбонски влакна, а го придвижува 6.0 литарски V12 мотор кој е поврзан со шестостепен автоматизиран рачен менувач. Од 0 до 100 km/h овој двосед забрзува за нешто повеќе од 4 секунди, а максималната брзина електронски му е ограничена на 290 km/h.

aston2

„CC100“ концептот е долг околу 4.5 метри и околу 2 метри е широк, додека тежината му изнесува околу 1.200 килограми. Тој е развиен и направен за помалку од шест месеци во седиштето на Астон Мартин кое се наоѓа во британскиот град Гејдон.

aston3

Засега е направен само еден примерок од овој концепт, а неговата цена се проценува дека ќе изнесува помеѓу 593.000 и 1.190.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП