17 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRange Rover зa 2018-та (фото+видео)

Range Rover зa 2018-та (фото+видео)

„Land Rover“ го претстави својот обновен „Range Rover“ во Лондон. Предводникот на брендот за прв пат доби хибридна верзија која може да се полни од електричната мрежа.

На изглед обновениот модел може да се разликува по модернизираните „LED“ фарови на главните светла. Тие имаат нови делови од дневни светла. Решетката на ладилникот е различна.

Внатрешноста е целосно во стилот на кросоверот „Velar“ и на обновениот „Range Rover Sport“. На централната конзола е поставен дополнителен екран на допир, од кој може да се управуваат повеќето функција на возилото. „SUV“-от, исто така, ќе биде достапен со целосно дигитален инструмент-панел.

Хибридниот агрегат на новата модификација „P400e“ е превземена од „Range Rover Sport“. Во него влегуваат бензински турбомотор со 4 цилиндри, кој развива 300 КС, електромотор со 116 КС, 8-степен автоматски менувач „ZF“ и комплет литиум-јонски батерии со капацитет од 11,3 kW / h, сместени под подот на трупот.

Вкупната моќност на оваа верзија е 404 КС и 640 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 6,8 секунди, а максималната брзина е 220 км/ч. Само на електрична енергија, возилото може да патува 51 км. Со помош на посебен систем за брзо полнење на батериите, тие се полнат за 2,45 часа, а од стандардната мрежа времето е 7,5 часа.

Освен како хибрид, обновениот „Range Rover“ ќе биде достапен со бензински и дизел мотори. Основната верзија се потпира на 3.0-литарски турбо дизел со 258 КС и 600 Nm. Постои уште еден дизел – 4.4-литарскиот V8 со 339 КС.

Бензинскиот спектар е претставен од V6 мотори со зафатнина од 3,0 литри, со 340 и 380 КС. Најмоќната верзија на моделот ќе добие 5,0-литарски V8, при кој моторот има добиено 525 КС – 15 КС повеќе од кога било.

Топ-модификација – „SVAutobiography Dynamic“, исто се потпира на 5,0-литарски V8 со механички компресор. Со тоа моќта се зголемува од 550 КС и 680 Nm на 575 КС и 700 Nm. Овој „SUV“ развива 100 км/ч од место за 5,4 секунди.

Во опремата на моделот влегуваат систем за управување со гестови, ласерски светла, функција за јонизација на воздухот во кабината, точка за пристап до интернет со „Wi-Fi“, која подржува 4G. Седиштата може да се прилагодат во 24 правци и да имаат 25 различни начини на масажа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП