24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве зошто никогаш не треба да користите бибер во рестораните

Еве зошто никогаш не треба да користите бибер во рестораните

Добро размислете пред да посегнете по овој зачин во рестораните следниот пат.

Иако логично е да помислите дека тоалетите се најголемото легло на бактерии во рестораните, многумина не ни претпоставуваат дека највалканите работи всушност се наоѓаат на масата.

Резултатите од истражувањата на сајтот Consumer Safety покажаа дека на прво место според количината на прљавштина во угостителските објакти е менито, кое во просек содржи околу 185.000 бактерии, што е за околу 100 пати повеќе од бројот кој го содржи даската за ВЦ школката.

На второ место се најде садот за бибер (11.600 бактерии) кој персоналот често го прескокнува при чистењето или само го пребришува за да изгледа чисто, додека микроорганизмите и понатаму остануваат на него.

Истото важи и за сите садови кои содржат сол, шеќер, масло или оцет, односно сите предмети и садови кои одат од рака на рака.

Интересен е податокот дека родителите најчесто децата ги забавуваат со садовите за сол и бибер, па на нив освен бактерии се пронајдени и траги од плунка и храна и се останато што може да се најде и на валканите раце на бебињата.

Одредена количина на фекални бактерии исто така е пронајдена и на кришките лимон и коцките мраз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП