Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,932.13 -0.83%    CKB 600.00 15.38%    GRNT 810.67 -1.14%    KMB 3,397.30 2.23%    LOZP 2,400.00 14.29%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,200.00 0.02%    OKTA 3,600.00 -2.7%    RMDEN16 94.80 0%    RZIT 20.00 0%    RZLV 50.00 -5.66%    SLAV 3,600.00 -40.98%    TETE 2,236.02 3.04%    ZPKO 2,812.00 -1.22%    

Во Охрид едукативната кампања – „Безбедноста е најважна лекција“

Време: 11:34

Датум: октомври 12, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид во согласност со програмата за работа за 2017 година утре ќе почне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“.

Кампањата ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е претставници на ОСБСП да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која илустративно се поместени неколку основни правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.

Едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“ започнува утре во 10 часот во ОУ „Григор Прличев“ каде што на средбата со учениците од трето одделение ќе присуствува и униформиран полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, кој ќе помогне во практичната реализација на кампањата и низ разговор со учениците ќе ги запознае со основните сообраќајни правила и прописи.

Целта на оваа сообраќајно-воспитна манифестација е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај најмладите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и нивно максимално почитување со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кина ќе преземе одмазнички мерки ако САД воведе давачки за увозот на челик

    Кина ќе преземе одмазнички мерки ако САД воведе давачки за увозот на челик

    Кина соопшти дека предложените тарифите на САД за увезените производи од челик и алуминиум се неосновани и го заслужуваат правото да одговорат со иста мерка…

  • Општина Аеродром: Еднаков пристап до финансирање за граѓанските организации

    Општина Аеродром: Еднаков пристап до финансирање за граѓанските организации

    Во просториите на Општина Аеродром се одржа првата од трите работилници за изработка на методологија за поддршка на НВО секторот и граѓанските организации. Од општината…

  • Општина Центар: Жителите на Капиштец да ги остават пред зградите старите апарати за домаќинство и мебелот

    Општина Центар: Жителите на Капиштец да ги остават пред зградите старите апарати за домаќинство и мебелот

    Општина Центар информира дека в четврток, 22.02.2018 година, ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Општината ги повикува жителите од 8:00 до 13:00 да ги…

  • Сајбер нападите американската економија ја чинеле 109 млрд долари

    Сајбер нападите американската економија ја чинеле 109 млрд долари

    Сајбер нападите во текот на 2016 година на американската економија и нанеле штета која се проценува на 57 милијарди до 109 милијарди долари, се наведува…

  • Јубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

    Јубилејно по 25 пат се одржува Копаоник бизнис форум

    Јубилејниот 25ти по ред „Копаоник бизнис форум“ ќе се одржи од 4 до 7 март во хотелот „Гранд“ на Копаоник. Досега присуството го потврдија преку…

  • График на денот: Најбогатите градови во светот

    График на денот: Најбогатите градови во светот

    Кои градови се економските двигатели на светот и кој дел од глобалното богатство е во овие клучни урбани центри? Денешниот график ги прикажува информациите од…

  • Остар пад на доларот – тоне во однос на другите валути

    Остар пад на доларот – тоне во однос на другите валути

    На светските валутни пазари доларот минатата недела остро падна, па неговата вредност во однос на кошницата валути се лизна на најниското ниво за последните три…

  • Регулаторите на Македонија и Бугарија разговараа за поевтинување на роамингот

    Регулаторите на Македонија и Бугарија разговараа за поевтинување на роамингот

    Првите луѓе на регулаторните тела за електронски комуникации на Македонија и на Бугарија на средба во Скопје разговараа за можностите за намалување на цените на…

  • Дивидендите достигнаа рекордни 1,25 илјади милијарди долари во 2017-та

    Дивидендите достигнаа рекордни 1,25 илјади милијарди долари во 2017-та

    Глобалните дивиденди се зголемија за 7,7 отсто на рекордни 1,25 илјади милијарди долари во 2017-та година, објави Ројтерс. Причината е заживување на економијата на глобално…

  • Денес облачно со повремени врнежи од дожд

    Денес облачно со повремени врнежи од дожд

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени, главно слаби врнежи од дожд, а на повисоките места на планините со повремен снег, информираат од управата…