Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,595.80 0.62%    BESK 11,000.07 -0.92%    KMB 2,800.00 -0.01%    MKSD 232.00 0%    MPT 28,032.26 -0.95%    OHB 5,367.09 -1.52%    REPL 52,500.00 -0.23%    RZLV 45.00 0%    RZUS 129.00 1.57%    SBT 2,180.00 -2.64%    STB 940.91 -0.33%    STBP 680.00 0%    TEL 274.50 0.92%    TNB 13,300.00 -1.48%    TTK 828.00 0.12%    

Која компанија прва ќе достигне проценка од 1.000 милијарди долари?

Време: 11:08

Датум: октомври 12, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Кои се најскапите јавни претпријатија денес и кои имаат најдобри шанси да ја достигнат границатаа од 1.000 милијарди долари?

Според податоците од крајот на вчерашната трговска сесија, пазарната капитализација на „Apple“ е 808.6 милијарди долари, што е помалку од 24% од психолошката граница.

Следуваат „Alphabet/Google“ со оценка од близу 700 милијарди долари (696.8 милијарди долари), како и „Microsoft“ и „Facebook“ со 588.6 милијарди долари и 501.7 милијарди долари. Во рангирањето се и „Amazon“ и „Berkshire Hathaway“ на Ворен Бафет со вредност од 478 и 463 милијарди долари, соодветно.

Тука, можеби, треба да ја додадеме кинеската „Alibaba Group“, чии акции се тргуваат на њујоршката берза. Ова е исто така компанија која порасна за 75,5% во изминатите 12 месеци за да се процени денес на 470 милијарди долари.

Од друга страна, најдобро претставување од почетокот на 2017-та година има „Boeing“ кој додал 68% на својата вредност и денес е оценет на скромните за горенаведените компании 154 милијарди долари.

Ајде да видиме сепак што мислат аналитичарите во материјал резимиран од „The ​​Street.com“, која од горенаведените компании има најголема шанса прва да ја достигне границата од 13-те бројки.

„Apple“

Можен успех на даночната реформа во САД ќе и помогне на компанијата да направи уште еден чекор понатаму кон оваа цел. Ова би значело дека заработката на „Apple“ по акција би можела да се зголеми помеѓу 4 и 4,50 долари.

Аналитичарот на „RBC Capital Markets“, Амир Дарианани става оценка од 180 долари по акција, што е повеќе од 15% над цената при вчерашното затворање на берзата. Со цел да се достигне 1.000 милијарди долари, цената на акциите треба да ја премине границата од 193 долари.

„Alphabet/Google“

„Alphabet“ – компанијата сопственик на „Google“, вчера повторно ја помина границата од 1.000 долари (1005.65 долари), а трансакции беа склучени и на 1007.67 долари, што е близу до максималната вредност во 2017-ма година од 1008.61 долари.

Растот од близу 2% вчера доаѓа во позадина на зголемениот таргет за цената на акцијата од страна на „Credit Suisse“ до 1.350 долари од претходната оценка од 1.100 долари.

Од своја страна, од „Piper Jaffray“ сметаат дека цената ќе достигне барем 1.200 долари, што е речиси 20% над вчерашното ниво на затворање.

Мислењето на аналитичарите е поддржано од повисоките приходи од реклами насочени кон „Google“  и добриот развој на друг производ во нивна сопственост – „YouTube“.

За да стигнат до 1.000 милијарди долари сериозна помош ќе биде потребна и од развојот на компанијата во областа на вештачката интелигенција, а исто така и бизнисот со облачни услуги.

„Amazon“

Неодамна професорот од Њујоршкиот универзитет по бизнис „Stern“, Скот Галауеј изјави дека „Amazon“ ја освојува битката со „Apple“, „Alphabet “и Facebook“ со што и да се зафати“ и дека токму тоа ќе биде првата компанија која ќе ја достигне границата од 1.000 милијарди долари.

И компанијата дури и да не помине низ патот бидејќи, според најновите бројки, неговата капитализација изнесува 478 милијарди долари.

Неодамна компанијата на Џеф Безос го купи „Whole Foods“, со што цели да се натпреварува со „WalMart“ и останатите големи синџири супермаркети во САД, а според аналитичкиот извештај, нивниот следен проект може да е „Nordstrom“.

Од „Amazon“ веќе започнаа и услуги за испорака на стоки, со која ќе се натпреварува со компании како „FedEx“ и „UPS“.

„Facebook“ 

Акциите на социјалната мрежа се додале 49% од почетокот на 2017 година Вчера од „Credit Suisse“ го зголемија таргетот за цената на компанијата до 235 долари за акција од 190 долари за готово.

Во случај дека прогнозата се обистини, треба да се истакне дека целта е на 37% над вчерашното ниво на затворање од 172.74 долари.

Вчера, компанијата објави нови очила за виртуелната реалност, кои ќе бидат достапни по цена од 199 долари.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • График на денот: Најпочитуваните компании во светот

    График на денот: Најпочитуваните компании во светот

    Рангирањето „Forbes Global 2000“ е добро познато годишно задолжително деловно читање. Оваа година за прв пат „Forbes“ се обединува со „Statista“ за да го однесе…

  • Пазарната капитализација на Microsoft надмина 600 милијарди долари

    Пазарната капитализација на Microsoft надмина 600 милијарди долари

    Пазарната капитализација на американскиот технолошки концерн „Microsoft“ за прв пат од 3-ти јануари 2000-та година, надмина 600 милијарди долари, објави „MarketWatch“. Претходно, овој праг беше…

  • P&G успеа да ги исполни очекувањата за добивка и продажба

    P&G успеа да ги исполни очекувањата за добивка и продажба

    „P&G“, најголемиот производител на производи во светот, ги надмина проценките на „Вол Стрит“ за своите профит и продажба. Релативно послабата продажба сепак најверојатно ќе му…

  • И шефот на Goldman Sachs го потврди селењето во Франкфурт

    И шефот на Goldman Sachs го потврди селењето во Франкфурт

    Како и другите светски банки на кои Лондон им беше дом, и Goldman Sachs веќе најави дека се сели по Брегзит. Сега тоа го потврди…

  • За Unilever нема ништо убаво во лошото време

    За Unilever нема ништо убаво во лошото време

    Британско-холандската компанија „Unilever“ забележа помала од очекуваната продажба за третиот квартал, губејќи пазарен удел за сметка на помалите конкуренти и потиснување на надежите да ја…

  • Јава тренинг – Сеавус талент програма

    Јава тренинг – Сеавус талент програма

    Како дел од Сеавус Талент програмите, во тек е пријавувањето за обука од областа на Јава технологијата. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти…

  • Фабриката “Фени” доби нови сопственици

    Фабриката “Фени” доби нови сопственици

    Бугарската компанија „Енекод“ денеска ќе потпише договор за преземање на фабриката „Фени“, сите 850 вработени остануваат на работа. На вработените ќе им биде исплатена септемвриската…

  • PayPal ги надмина пазарните очекувања

    PayPal ги надмина пазарните очекувања

    Платежната услуга „Paypal“ успеа во третиот фискален квартал повторно да забележи значителен раст на својот бизнис и повторно ги надмина целите за целата година, пренесува…

  • Nestle забележа пад на продажбата

    Nestle забележа пад на продажбата

    Швајцарскиот производител на храна и пијалоци „Nestle“ соопшти дека во првите девет месеци од оваа година забележал пад на продажбата за 0,4 проценти, на вредност…

  • Skopje City Mall – препознатливо обележје на модерно Скопје

    Skopje City Mall – препознатливо обележје на модерно Скопје

    Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој во изминатите години успеа да ги обедини шопингот, забавата и…