29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави Листата на должници бр.10/2017

УЈП ја објави Листата на должници бр.10/2017

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.10/2017 за долгови доспеани до 30.06.2017 и неплатени до 30.09.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци треба да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Листата на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП