29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 намирници кои не трeба да ги јадете за вечера

3 намирници кои не трeба да ги јадете за вечера

Откријте кои здрави намирници треба да ги избегнувате во вечерните часови…

Погрешниот избор на намирници за вечера може да ви го поремети и забави варењето, како и да ви го попречи сонот. Масната храна како сирење, месен нарезок и сл секако не се препорачува во вечерните часови бидејќи е полна со соли, го зголемува крвниот притисок и го попречува варењето.

Меѓутоа, дури и здравите намирници во вечерните часови би можеле лошо да се одразат на вашиот организам, па ви претставуваме 3 здрави намирници кои никако не би требало да ги јадете за вечера.

Зеленчук

Брокулите, зелката и другот зеленчук се полни со витамини и минерали кои се потребни за правилна работа на организамот. Сепак, избегнувајте ги во вечерните часови. А особено пред заминувањето во кревет. Тие содржат несварливи прехрамбени влакна кои долго се варат и го попречуваат сонот.

Цитрусно овошје

Лимонот, портокалите и останатото цитрусно овошје се одлични извори на витамин Ц, но советот на експертите е да не ги јадете по 17 часот. Киселината во ова овошје може да предизвика тешкотии во желудникот и пореметување на сонот.

Домати

Доматот содржи силен антиоксидант ликопен кој го чува здравјето на срцето и нервниот систем. Но немојте да јадете домати или да пиете сок од домати во вечерните часови, бидејќи оваа намирница може да биде чест предизвикувач на киселина и останати тешкотии со варењето.

Вечерата би требало да ја изедете минимум три часа пред спиење, со цел навремено да се свари целата храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП