28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата ера на Mazda започнува со саемот во Токио

Новата ера на Mazda започнува со саемот во Токио

Јапонскиот производител „Mazda“ објави почетокот на „нова ера“, која ќе започне на 25-ти октомври меѓународниот автомобилски саем во Токио. Таму компанијата ќе претстави два концептуални модели, како и целосно нов бензински мотор од семејството „Skyactiv-X“.

Првиот од двата модела ќе биде компактен хечбек, кој треба да ги покаже најновите технологии на „Mazda“. Во неговата основа ќе биде архитектурата „Skyactive-Vehicle“, а под хаубата – мотор од новото семејство „Skyactive-X“, кој користи иновативен развој – палење на мешавина на бензин-воздух под притисок.

Од компанијата се категорични дека користењето на оваа технологија ќе ги направи моторите од „Skyactiv-X“ со 30% поефикасни и поекономични од сегашните агрегати „Skyactiv-G“. Покрај тоа, во просек со истите 30% ќе се зголеми и вртежниот момент кај новите мотори.

Самите Јапонци признаваат дека нема да престанат со користење на свеќи за палење кај своите мотори и моторите од семејството „Skyactiv-X“ претставуваат само „преодна фаза“. Смесата во нив ќе може да била запалена само при работа на ниски вртежи. При повисоко оптоварување, како и порано, ќе се користат свеќи.

Очекувањата се првиот модел со мотор од семејството „Skyactiv-X“ да биде следната генерација на „Mazda3“ што ќе се појави во 2019-та година. Најверојатно во Токио компанијата ќе покаже токму предвесник на овој модел.

Втората премиера на брендот ќе биде концептуален модел со 4 врати, а во пораката на компанијата се вели само дека тој ќе го покаже новиот дизајн. Тој за возврат претставува уште подлабоко изразување на филозофијата „Kodo“, на која „Mazda“ се обложува во последниве години. Засега нема други информации за возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП