Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,302.07 0.01%    CEVI 964.00 2.89%    KMB 2,698.74 0%    MPT 27,000.00 0%    RZUS 105.32 2.25%    STB 910.00 0%    STIL 129.00 0%    TEL 277.73 0.89%    UNI 1,900.00 0.01%    

Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Време: 11:11

Датум: октомври 10, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Од 12 до 14 октомври во кино Мис Стон во Прилеп, како и години наназад, ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм, што ЦК „Марко Цепенков“ традиционално го реализира во соработка со Германската амбасада. Фестивалот на новиот германски филм докажува дека германскиот филм живее и дека интересот за „големото кино“ не стивнува. Фестивалот е константа во културниот живот во земјата, вклучувајќи го и Прилеп. Филмовите овозможуваат да се ѕирне во животот низ сите негови бесконечни фасети.

Во четврток свечено ќе биде отворен фестивалот во присуство на претставници од Германската амбасада со „Чик“ , комедија драма во режија на Фатих Акан. Филмот е добитник на Баварската филмска награда за 2016 – „Најдобар филм за младинци“, филм за патувањето на младинци, без карта и без компас низ летна дестинација

Во петок од 13.10 – 18 часот ќе се прикажува трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде. Филмот е добитник на германската филмска награда 2017 , златна награда во категориите – „најдобар игран филм, најдобра режија, најдобра женска и машка главна улога, најдобро сценарио“, Европска фимсла награда 2016, Номинација за оскар за 2017 – Најдобар филм од неанглиско говорно подарачје“ и има номинација за Златен глобус 2017.

Од 20 часот публиката ќе може да ја види драмата „Херберт“, режија Томас Штубер. Станува збор за силна трогателна приказна, автентична драма за еден боксер и неговата последна борба. Добитник е на германската филмска награда 2016 , сребрена награда во категориите, најдобар игран филм и најдобра машка улога.

Во сабота од 14 до 16 часот ќе се прикажува „Авантурата на нели“, детски филм во режија на Доминик Весели. Станува збор за забавен филм за целото семејство, пледоаје за соживотот и храброста да се бранат сопствените убедувања“. Добитник е на германската филмска музичка награда за 2016 година.

Од 18 часот публиката ќе може да го види филмот за младинци „На иста висина“, во режија на Јоаким Долхопф и Ефи Голдбрунер. од 20 часот ќе се прикажува „24 недели“, драма во режија на Ане Зохра Берахед. Станува збор за „радикален филм, нефер, трауматизирачки, неверојатно тажен , искрен и добар“. Добитник е на Германската филмска награда за 2017 – сребрена награда во категоријата за најдобар игран филм.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Избрани дела во десет книги од Стојан Андов

    Избрани дела во десет книги од Стојан Андов

    Во првата половина на календарската 2018 година „Матица македонска“ од Скопје ќе објави Избрани дела во десет книги од познатиот политичар, колумнист, публицист и писател…

  • „Холивуд репортер“ предлага англиски римејк на македонскиот филм „Исцелител“

    „Холивуд репортер“ предлага англиски римејк на македонскиот филм „Исцелител“

    Уште една фантастична рецензија за македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески пристигнува директно од домот на светската филмска индустрија, Холивуд, и од едно од најзначајните…

  • Изложба „Скици 2017“ од кумановски автори во Кавадарци

    Изложба „Скици 2017“ од кумановски автори во Кавадарци

    Во вторник, 12 декември, со почеток од 19 часот во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложбата „Скици 2017“ на…

  • Македонскиот филм „Сведок“ во киното „Милениум“

    Македонскиот филм „Сведок“ во киното „Милениум“

    Македонскиот филм „Сведок“ во режија на Митко Панов почна со прикажување во киното „Милениум“. Филмот е херојска авантура на еден млад и амбициозен приправник во…

  • „Звукот на идната генерација“ – концерт на Македонската филхармонија и студентите по музика

    „Звукот на идната генерација“ – концерт на Македонската филхармонија и студентите по музика

    „Звукот на идната генерација“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија и студентите од државните факултети за музика, кој ќе се одржи овој четврток…

  • Хуманитарен новогодишен концерт „Узун“

    Хуманитарен новогодишен концерт „Узун“

    Традиционалниот новогодишен школски концерт на музичкото студио „Узун“, во соработка со Црвен крст на град Скопје, ќе се одржи утре, 9 декември, со почеток во…

  • Започнува клупската програма на „Десонанз 2017“

    Започнува клупската програма на „Десонанз 2017“

    Во соработка со фестивалот „Таксират“, вечерва започнува клупската програма на деветтото издание на музичкиот фестивал „Десонанз“. Во салата „25 Мај“ во МКЦ вечерва ќе настапи…

  • Поетите на ДПМ во чест на Блаже Конески

    Поетите на ДПМ во чест на Блаже Конески

    Поети од различни генерации, членови на Друштвото на писателите на Македонија, на 19 декември во 12 часот, ќе настапат на централната свеченост што Филолошкиот факултет…

  • Промоција на романот „Допирот на пијанистот“ од Мирт Комел

    Промоција на романот „Допирот на пијанистот“ од Мирт Комел

    Книгата „Допирот на пијанистот“ од словенечкиот писател Мирт Комел, ќе биде промовирана на 8 декември во „Кино Култура“ со почеток во 20 часот. Од Издавачката…

  • Bilxa Bargeld & Teho Teardo ќе ја доловат длабочината на црното со концерт во Македонската филхармонија

    Bilxa Bargeld & Teho Teardo ќе ја доловат длабочината на црното со концерт во Македонската филхармонија

    Во Македонската филхармонија во сабота (9 декември) ќе се одржи концерт на Bilxa Bargeld & Teho Teardo, фузија на двајца музичари кои ја претставуваат оската…