19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаборавете на работата од 8 до 16! Научниците ТВРДАТ дека тричасовно работно...

Заборавете на работата од 8 до 16! Научниците ТВРДАТ дека тричасовно работно време е ИДЕАЛНО

Просечниот работник го троши поголемиот дел од осумчасовниот работен ден на многу други нешта освен работата, вклучувајќи и исхрана, дружење или читање вести.

Психолозите откриле дека мозокот не може да се фокусира на задачи повеќе од неколку часа во исто време.

Некои компании почнаа да ги приспособуваат своите планови за да им помогнат на вработените да ја максимизираат нивната ефикасност.

“Во текот на работниот ден од осум часа, просечниот работник работи околу три часа – два часа и 53 минути, да бидеме прецизни. Остатокот од времето, според анкетата на избрани 1.998 британски канцелариски работници, луѓето го поминуваат времето во читање вести, сурфање на социјалните мрежи, исхрана, разговор за теми поврзани со работа, одмор, па дури и во изнаоѓање на нови работни места”, пренесува Business Insider.

Истражувањето јасно стави до знаење дека долгиот работен ден тешко го вади најдоброто од луѓето. Некои студии покажуваат дека луѓето можат да се концентрираат на една задача само околу 20 минути, додека друга студија не дава повеќе од 10 секунди.

Компаниите веќе почнаа да ја кратат работна недела. Наместо да бараат од луѓето да работат пет дена по осум часа, многу преминаа на работа од четири дена по осум часа.

Рајан Карнесон, директор за технолошко-образовната компанија “Treehouse”, забележа дека неговите вработени стануваат посреќни и попродуктивни по спроведувањето на 32-часовна работна недела уште во 2006 година. Основата на неговата филозофија на лидерство лежи во верувањето дека принудувањето на луѓето да работат 40 часа работа неделно е скоро нехумано.

Други истражувачи се надоврзаа со неговата пракса и сугерираат дека најпаметна промена, всушност е да се  работи пет дена по шест часа.

Работодавци во Македонија размислете….

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП