18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДеловните совети на Хомер во книгата со изреки од фиктивните ликови

Деловните совети на Хомер во книгата со изреки од фиктивните ликови

Во „Книгата деловни изреки“ објавена пред неколку години од страна на магазинот Економист, ликови од познатите телевизиски серии им нудат на читателите совети за успешно работење.

Хомер Симпсон истакнува дека работата која не ја сакате треба да ја работите половично, додека Дон Драпер од „Момчиња од Медисон“ предложува сами да го контролирате текот на деловниот разговор.

Иако не важи за финансиски експерт, Хомер Симпсон во оваа книга им нуди на своите обожаватели практични овети од деловната сфера.

„Ако не ви се допаѓа она што го работите, немојте да штајкувате. Едноставно, одете на работа но работата обавувајте ја половично“, вели Хомер.

Познатитот дебелко од анимираната серија на Мет Гронинг наведе три реченици кои се корисни за секој рабоник. Тие се „Покривај ме“. „Одлична идеја шефе“ и „Беше така кога стигнав“.

Во книгата може да се најдат совети и на Дон Драпер од „Момчиња од Медисон“, Гордон Геко од филмот „Волстрит“, Вирџил Солоco од „Кум“ и многу други.

Тука е и реченицата од познатиот мафијаш Џон Готи која гласи „Ако мислиш дека твојот шеф е глупав, запамети, да е малку попаметен ти не би имал работа“.

Издавачката куќа „Портфајл букс“ ја окарактеризира книгата како „дело кое ја спојува мудроста и духовитоста на најголемите бизнис умови од Стив Џобс до Коко Шанел“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП