24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДосега најмоќните слушалки: Преведуваат 40 јазици, а имаат и виртуелен асистент (видео)

Досега најмоќните слушалки: Преведуваат 40 јазици, а имаат и виртуелен асистент (видео)

Компанијата „Google“ покрај телефонот „Pixel“, на неодамнешниот настан ги претстави и „Google Pixel Buds“ паметните бежични слушалки со „Google“ асистент.

Со цел да ја загрози доминацијата на „Apple“ на пазарот на бежични слушалки, „Google“ својот нов уред го опреми со технологија за преведување на 40 различни јазици во реално време.

Слушалките „Pixel Buds“ ќе можат да работат пет часа со едно полнење, а бидејќи пристигнуваат со посебна кутија за полнење, времето за работа ќе може да се зголеми на нешто помалку од 24 часа.

„Pixel Buds“ ќе бидат достапни во три бои – сини, црни и бели, а ќе чинат 159 долари. Слушалките може да се нарачуваат веднаш, а сите кои ќе ги купат ќе ги добијат во ноември.

Можноста за преведување во реално време звучи навистина импресивно, меѓутоа се поставува прашањето како таа можност ќе функционира на бучните улици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП