25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШармантна вила опкружена со беспрекорен парк (фото)

Шармантна вила опкружена со беспрекорен парк (фото)

Сместена во близина на шармантниот италијански град Reggio Emilia, оваа величествена вила ќе ве воодушеви…

Сместена на имот кој изнесува 22,500 квадратни метри, оваа неверојатна вила има пет спални соби, осум бањи и вкупно 700 квадратни метри простор. Сепак таа нуди многу повеќе од тоа, особено кога ќе го земете во предвид прекрасниот парк кој само ја нагласува нејзината убавина. Како што можете да очекувате, таквата ексклузивност не е евтина. Ако сакате ова место да го наречете „мој дом“ ќе морате да бидете подготвени да платите 1.750.000 евра, но сигурни сме дека вреди за секоја пара. Веруваме дека ќе се согласите со нас откако ќе ги видите фотографиите.

Сместена во прекрасниот италијански пејсаж, на само неколку минути од градовите Reggio Emilia и Parma, оваа вила е во целост реновирана, користејќи само материјали со висок квалитет и со беспрекорно внимание посветено на деталите.

Таа всушнсот има три различни дела на три нивоа, со холови кои се украсени со фрески, големи мермерни камини и таверна која ја красат ѕидови од теркота. Таа некогаш била работилница на врвен моден бренд, а сега ви нуди голема тераса со поглед на целиот имот и претходно споменатиот парк. Како од соништата…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП