25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Mitsubishi EVO како да пристигна од иднината (фото)

Новиот Mitsubishi EVO како да пристигна од иднината (фото)

Компанијата „Mitsubischi“ објави слики од својот нов кросовер, кој ќе го добие името „e-EVOLUTION“. Моделот официјално ќе биде прикажан на 25-ти октомври автосаемот во Токио, по што ќе стане идниот предводник на брендот.

Ако се суди според прикажаното, возилото ќе добие футуристички дизајн со големи тркала, индикациска оптика, камери наместо ретровизори и рачки на вратите, скриени во вдлабнатинките. Од компанијата тврдат дека кросоверот обединува во себе систем за погон на сите четири тркала со електрична трансмисија и нова технологија на вештачка интелигенција.

Техничките детали ќе бидат откриени при премиерата на возилото, но веќе е познато дека тој ќе добие 3 електромотори. Системот за полуавтономно управање ќе вклучува специјални сензори и камери.

Заедно со „е-EVOLUTION“ во Токио компанијата ќе го претстави и концептниот миниван „Delica“, кој ќе стане предвесник на 6-тата генерација на истоимениот модел. Автомобилот ќе добие 2,2-литарски турбодизел кој развива 170 КС и 329 Nm вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП