Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,595.80 0.62%    BESK 11,000.07 -0.92%    KMB 2,800.00 -0.01%    MKSD 232.00 0%    MPT 28,032.26 -0.95%    OHB 5,367.09 -1.52%    REPL 52,500.00 -0.23%    RZLV 45.00 0%    RZUS 129.00 1.57%    SBT 2,180.00 -2.64%    STB 940.91 -0.33%    STBP 680.00 0%    TEL 274.50 0.92%    TNB 13,300.00 -1.48%    TTK 828.00 0.12%    

Како најлесно да го поминете периодот кога немате работа?

Време: 13:36

Датум: октомври 6, 2017

Категорија: КАРИЕРА

Една од најтешките работи кои човек може да ги доживее во денешно време е да остане без работа, особено во кризни периоди кога парите се најпотребни. За луѓе кои со години работеле, особено е тежок периодот на безработица, кој мораат да го минат сосема непродуктивно.

Без разлика дали сте останале без работа по своја вина или пак од други причини, психолошкиот момент може да ве уништи и да паднете во самосожалување и депресија.

Магазинот, „Forbes“, објави листа од неколку работи кои можете да ги направите, за да си помогнете себеси да го преживеете полесно тој период и побрзо да најдете работа.

Фокусирајте се на иднината

Залудно ќе се обидувате да откриете што тргнало погрешно. Ако се навраќате на минатото со намера да откриете кој е клучниот момент заради кој сте останале без работа, тоа нема да ги поправи работите. Подобро, фокусирајте се на она што треба да го направите, а не она што требало тогаш. Направете план за менаџирање на финансиите кои ви се на располагање и насочете се кон луѓе кои би можеле да ви помогнат во процесот на барање работа.

Немојте да дозволите статусот „невработен“ да стане дефиниција за вас

Не дозволувајте да ви влезе во глава дека сте неспособни, само затоа што сте останале без работа. Луѓето кои губењето на работата ја доживуваат како личен неуспех, имаат помали шанси да најдат повторно работа, од оние кои на невработеноста гледаат како на несреќна околност. И самите работодавци преферираат луѓе кои имаат позитивен став кон работите.

Грижете се за себеси

Разбирливо е дека ќе бидете погодени од фактот што сте останале невработени, меѓутоа ништо не сте направиле ако седнете на каучот и потонете во самосожалување. Немојте да се запоставите себеси во таквите кризни моменти. Истражувањата велат дека вежбањето помага да бидете поимуни на стресот, кој со сигурност ќе го доживеете во такви моменти. Раздвижете се малку и рекреирајте се, за да ви се разбистри главата од лоши мисли.

Опкружете се со позитивни луѓе

Луѓето кои ве опкружуваат се многу важни. Ако ве опкружуваат позитивни луѓе, полесно ќе го пребродите периодот, зашто ќе имате кој да ви го подигне духот. Читајте позитивни книги, мотивирајте се со некој филм. Направете сè што е во ваша можност да се чувствувате подобро.

Проширете го кругот на познаници

Луѓето кои ги знаете се клучни за наоѓање нова работа. Голем дел од работните позиции не се ни објавуваат по огласи, па затоа треба да имате некој кој може да ве информира ако се отвори нова позиција на која би можеле да аплицирате. Колку повеќе луѓе познавате, толку подобро за вас.

Барањето работа, нека ви стане работа

Колку повеќе се заложувате да најдете работа, толку поскоро и ќе ја најдете. Процесот на барање работа знае да биде мачен и да ве демотивира, но немојте да се откажете. И онака во случај на невработеност имате повеќе време во денот, па можете да го насочите кон секој можен метод кој би ви помогнал побрзо да се вработите.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • 5 дневни ритуали кои ќе ве одведат до успехот

    5 дневни ритуали кои ќе ве одведат до успехот

    Најчесто велиме дека се може да се научи за да се постигне нешто, но до големи промени може да дојде дури кога ќе се променат…

  • Кога ги кратите трошоцитe НЕ правете ги овие грешки!

    Кога ги кратите трошоцитe НЕ правете ги овие грешки!

    Лесно е да се западне во начин на размислување дека секогаш поефтината варијанта е подобра. Дури и кога буџетите се ограничени, има прав и погрешен…

  • 5 непријатни вистини за парите

    5 непријатни вистини за парите

    Една од најубавите работи во животот е можноста да живеете удобен живот. Парите ви овозможуваат да уживате во сите благодети кои ги нуди светот. Но,…

  • Не ги слушајте буквално сите совети, не се сите корисни за напредок во кариерата

    Не ги слушајте буквално сите совети, не се сите корисни за напредок во кариерата

    Ова се совети кои секојдневно ги слушате од пријателите, семејството, колегите па дури и од непознати луѓе, иако добронамерни тие не се нужно добри. Еве…

  • Знаци кои покажуваат дека сте поуспешни од тоа што мислите

    Знаци кои покажуваат дека сте поуспешни од тоа што мислите

    Споредбата со другите е секогаш лош начин да го процените сопствениот успех бидејќи секогаш ќе постојат оние кои се подобри, попаметни, побогати или на прв…

  • Ве избегнуваат колегите? Се прашувате зошто?

    Ве избегнуваат колегите? Се прашувате зошто?

    Без оглед на квалитетот на работата и позицијата во компанијата, постојат колеги кои ни се драги, со кои би можеле да пиеме кафе по работното…

  • Вашето време чини пари, искористете го паметно!

    Вашето време чини пари, искористете го паметно!

    Најбогатиот човек на светот, има точно 1440 минути на ден за да ги заработи своите пари. Најобразованиот човек на светот има 168 часа неделно за…

  • Успехот може да се опише со овие осум зборови

    Успехот може да се опише со овие осум зборови

    За успехот и како да се стигне до него стално се зборува. Можеби клучот за успехот е во овие осум зборови. Од различни страни може…

  • 10 најбарани работни места во светот

    10 најбарани работни места во светот

    „Glassdoor“ неодамна направи листа од 10 најбарани работни места во светот, кои имаат минимум 100.000 долари годишна плата. Добрата вест е дека некои од овие…

  • Во вашето CV кажете го само најважното!

    Во вашето CV кажете го само најважното!

    Што да напишете во CV-то, а кои информации да ги изоставите, е дилема со која се соочува секој сериозен невработен кој секојдневно бара работа. Секое…