16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

Денар: Skopje City Mall е нашиот најголем трговски центар, чија работа и функционирање мора постојано да ја следите. Како се справувате со оваа задача, односно кои се Вашите предизвици?

Во Skopje City Mall имаме вкупно 180 закупци. Наша обврска како Оддел за Лизинг не претставува само раководење со закупците туку и постојана потрага на нови закупци кои ќе ја подoбрат понудата. Skopje City Mall функционира како целина и многу е важно почитувањето на правилата  на трговскиот центар. Често се вели дека раководењето со трговските центри бара задоволување на три партнери: закупците, посетителите и сопствениците на трговскиот центар. Како менаџерски тим нашата задача и цел е сите страни да се задоволни, иако интересите на партнерите во овој случај понекогаш се и конфликтни.

Денар: Колкава е заинтересираноста за закуп на продажен простор во Skopje City Mall?

Постои голема заинтересираност, годишно над 200 барања или во овој момент потребна е површина од 14.000 м2. Сепак, Skopje City Mall е единствен трговски центар во Македонија кој ги исполнува сите стандарди на современ центар: површина за закуп над 30.000м2, број на паркинг места според површината на закуп, над 80%  меѓународни закупци, повеќе од 20.000 посетители на ден. Интернационалните брендови се многу категорични во своите барања за условите кои треба да ги исполнува трговскиот центар за да дозволат отварање на своја локација, и секако Skopje City Mall е првата, а често и единствената опција која ја одобруваат.

Денар: Политичката и економска криза во Македонија речиси секаде и на секое поле остави некакви последици. Дали има свое влијание врз побарувачката за деловен простор, односно колку интересот на компаниите да инвестираат е директно зависна од овие случувањa?

Дел од македонските компании беа малку претпазливи изминатиот период, додека странските напротив, интересот остана со ист интензитет па дури и зголемен. Од друга страна обемот на потрошувачката во трговскиот центар постојано расте иако се очекуваше намалување поради кризата. И повеќе од јасни се податоците дека во првите две тримесечја од 2017 година вкупната потрошувачка се зголеми за 10% во споредба со истиот период од 2016 година, а од своето отворање се зголеми за 51%. Овие бројки го покажуваат квалитетот на Skopje City Mall и стабилната позиција што ја постигна за 5 години од отварањето.

Денар: Дали пројавуваат поголема заинтересираност странските брендови или домашните и локални трговски марки?

Поголем интерес имаме од меѓународните брендови што секако е очекувано затоа што е и многу мал бројот на локални брендови. Секогаш се обидуваме ова да го балансираме, па многу често ние како менаџмент се јавуваме кај локалните брендови со цел да ги мотивираме да размислат и за локација во Skopje City Mall.

Денар: Што треба една компанија да поседува за да може да стане дел од приказната на Skopje City Mall и низ каква процедура треба да помине за тоа да се оствари?

Отворени сме за комуникација, многу често од само еден состанок со некој бренд веднаш наоѓаме соодветна локација, друг пат може да се случи да помине и цела година. Не постојат строго пишани правила затоа што пазарот на малопродажба се менува, трендовите во модата се менуваат, се јавуваат нови брендови, други брендови згаснуваат, се менуваат и трендовите во концептот на трговските центри во смисла колку деловни простори треба да се за облека, колку ресторани или кафулиња, дали и колку треба да има простор за забава.

Денар: Што е она кое би го издвоиле за овие 5 години што вас ве направило посебно среќни?

Посебно ме прави среќна реализацијата на планираната проекција од 2010 година за тоа каде сакаме да биде Skopje City Mall после отворањето. Од тогаш се поминати точно 7 години и ова се податоците: 8 милиони посетители на годишно ниво, 0% слободен простор, и годишен обем на обрт од над 100 милиони Евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП