24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT произведува модел со кој губи 20.000 долари по возило

FIAT произведува модел со кој губи 20.000 долари по возило

Иако повеќето електрични автомобили и натаму се прескапи за просечниот купувач, некои производители признаваат дури и со такви високи цени бележат загуби со секој продаден примерок.

Развојот и производството на моделите на струја ги чинат многу авто-компаниите, па тие често се здружуваат со цел со заеднички сили да дојдат до поевтин нов електричен автомобил.

Иако некои производители, како „Teslа“, добро заработува од продажба на своите електрични возила, „FIAT“ признава дека со секој испорачан модел „500e“ на струја бележат загуба од дури 20.000 долари.

Оваа изненандувачка информација ја откри првиот човек на „FIAT-Chrysler“, Серџо Маркионе, за време на говорот на еден универзитет во Италија. Само за споредба, „General Motors“ објави дека со еден продаден примерок на електричниот модел „Chevrolet Bolt“ губи 9.000 долари.

Во оваа пресметка се, покрај фабричките трошоци за самото производство, пресметени се и големите трошоци кои компаниите ги даваат за истражување и развој на моделите на струја.

Инаку, „FIAT 500e“ е направен пред се за пазарот во САД, каде без пресметаните субвенции чини околу 33.000 долари. Возилото има електромотор од 113 ks (83 kW) и 200 Nm, a со полна батерија може да мине до 135 km.

Како што пренесува „Блумберг“, Маркионе во својот говор рече дека и покрај толкавите загуби има намера со „електрификација“ на моделите на „FIAT-Chrysler“.

Тој истакна, иако лично не се сложува со тоа, развојот на електричните автомобили во овој момент е неминовен и дека, особено во Европа, автомобилската индустрија се движи во тој правец.

Маркионе смета дека традиционалните авто-компании затоа мораат да го забрзаат развојот на своите електрични модели со цел да се натпреваруваат со Илон Маск и „Teslа“, кои според неговите зборови, се „движат со брзина на ракета“, кога станува збор за автомобилите на струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП