19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

Задоволните и лојални клиенти се нашиот најголем успех и сатисфакција

Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија кој утре слави 5 години постоење. Со својата уникатност подеднакво и во понудата и во дизајнот, Skopje City Mall привлекува посетители од целата држава и пошироко, нудејќи им неповторливо искуство преку една нова димензија на шопингот. За успесите на трговскиот центар, начинот на рекламирање и промоции, настаните кои ги организираат, како и за идните планови на трговскиот центар, разговаравме со менаџерот за комерцијализација на Skopje City Mall – Валентина Николовска.

Денар: Низ овие 5 години Skopje City mall има посебни достигнувања. На што сте особено горди?

Skopje City Mall е најсовремениот трговски центар на овој регион, кој во изминативе 5 години изгради имиџ на најпопуларна дестинација за шопинг, забава и дружење. Со самото тоа што на едно  место ви се достапни најпопуларните брендови, овој трговски центар може да се носи рамо до рамо со останатите трговски центри на Балканот, но и пошироко.

Уникатноста и успешноста на Skopje City Mall се темели на тимската работа на сите оддели кои макотрпно и со голем труд во изминативе години оставија свој белег во развивањето и градењето на имиџот на трговскиот центар. Позади успехот на Skopje City Mall стои мал тим на успешни луѓе, и јас како дел од тој тим сум посебно горда.

Денар: Колкава е заинтересираноста на компаниите за соработка? И кои типови на компании знаат да ги препознаат можностите кои се нудат? Странски или домашни?

Skopje City Mall како најпосетуван трговски центар во Македонија е меѓу најатрактивните локации за рекламирање, промоции и организирање на многу уникатни кампањи и настани. Со тоа и многу домашни и странски компании се присутни со реклама и промоции. Она што го издвојува од останатите освен по големата посетеност, е можноста да понуди иновативни и уникатни  локации и начини за рекламирање.

Од брендовите најголема застапеност имаат козметичките, автомобилските компании и брендовите од мобилната индустрија. Процентуално земено, најзастапени се странските компании. Кога станува збор за домашните брендови, Skopje City Mall е поддржувач во развојот на истите и секогаш се труди да им овозможи посебна поддршка во нивниот развој.

Денар: Покрај Вашата примарна цел како трговски центар – продажбата, постојано организирате различни настани и кампањи. Кој настан би го издвоиле како најинтересен и најдинамичен за “продавање“?

Во изминативе 5 години од постоењето на Sкopje City Mall, се организирани многу настани и реализирани се многу кампањи, од кои дел од нив за прв пат во Македонија. Еден од повеќето настани кои предизвика голем интерес конкретно последнава година за спонзорства кај компаниите е LEGO Фестивалот, кој се одржа во месец март.

Секој настан или кампања е динамична и различна и лично за мене е секогаш голем предизвик кога треба да се најдат спонзори кои финансиски ќе го подржат настанот, особено интернационалните кампањи чија целосна организација и реализација е доста скапа.

Денар: После 5 години, Skopje City Mall сѐ уште е најатрактивна дестинација за рекламирање. За кој тип на промовирање има најголема заинтересираност?

Од година во година начинот на рекламирање на компаниите во Skopje City Mall има различен раст кај различни услуги. Во првите години, најголема заинтересираност имаше кај BTL промоциите. Во последните години покрај големиот раст кај промоциите и директниот контакт со широката потрошувачка маса, сѐ поголем раст има и кај indoor и outdoor брендирањето. Овие статистики се базираат од самото постоење на трговскиот центар.

Ме радува фактот што имаме сѐ поголем број на лојални клиенти кои постојано низ годината се присутни со различен начин на реклама. Тоа се должи и на препораката од наша страна како и на кој начин е најдобро да се рекламира односно промовира компанијата или производот.

Генерално, Skopje City Mall бележи раст во продажбата на сите услуги кои ги нудиме за рекламирање, брзо реагираме на промените на пазарот и секогаш имаме конкурентни услуги во сегментот за рекламирање. Skopje City Mall како главен “hot spot” во градот е една од најатрактивните локации за рекламирање, пред сѐ заради големата посетеност и ефикасноста од рекламирањето. Задоволните и лојални клиенти се нашиот најголем успех.

Денар: Можете ли накратко да ни го опишете процесот на продавање? (од понуда, до реализација).

Кога станува збор за рекламирање или промовирање на одреден клиент, пристапот е секогаш различен, во зависност од тоа што сака клиентот да постигне или добие, промовирање на конкретен производ или “brand awareness“.

Имаме ситуации кога и ние на клиентите им предлагаме идејни решенија и тип на рекламирање кој е најсоодветен за нив и нивната компанија. До клиентот секогаш се проследува branding каталогот во кој се содржани сите типови и начини на промовирање во трговскиот центар. Клиентот е поканет од наша страна во Skopje City Mall, бидејки најдобро, на самата локација, може да се утврди типот на застапеноста, дали станува збор за поставување на реклама на одредена локација или промоција. Имаме и ситуации кога клиентот ги одбира и двете решенија. По утврдување на типот на рекламирање и потпишување на договорот, клиентот пристапува кон реализација на договореното.

Денар: Каква новост можеме да очекуваме наскоро од Skopje City Mall?

Skopje City Mall, како уникатен и иновативен трговски центар, веќе има испланирано доста активности кои следат до крајот на годината и секако во 2018 година. Освен традиционалните кампањи како Late Night Shopping, роденденската прослава, Black Friday итн., за нашите лојални клиенти и посетители имаме многу изненадувања за кои допрва ќе дознаете. Во моментов целиот фокус е насочен кон организација и реализација на јубилејната роденденска прослава, 5 години од успешното постоење на Skopje City Mall.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП