19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпопуларните автомобили во Европа

Најпопуларните автомобили во Европа

Најпродаваниот автомобил во Европа за август е „Volkswagen Golf“. Овој месец, германскиот производител продаде 30.986 единици на моделот, што претставува зголемување од 5.1% во споредба со истиот период во 2016-та година.

На второто место е „Renault Clio“, чија продажба на „Стариот континент“ скокна за 31,9% и достигна 16.859 единици. „Skoda Octavia“, која беше купена од 15.857 Европејци, е исто така место во првите три. Кај овој модел, растот изнесува 11,6%.

Четвртата и петтата позиција се за „Volkswagen Tiguan“ и „Dacia Sandero“ со 13.936 (-2.4%) и 13.828 (-5.5%) соодветно. Следуваат „Volkswagen Polo“ (12.891 единици, -12,4%), „Nissan Qashqai“ (12.403, + 17,1%), „Opel/Vauxhall Corsa“ (12.390, -8,6%), „Peugeot 208“ (12 348, – 10,2%) и „Toyota Yaris“ (12.208, + 17,6%).

Кај брендовите водечки е „Volkswagen“, кој во август продаде 102.324 нови автомобили во Европската унија. Тоа е со 4,4% помалку од истиот период од 2016-та година. Следува „Renault“ со 58.115 примероци – зголемување за 11,5%, а на третата позиција е „Ford“ – 54 637. Американската марка оствари пад од 3,5% во споредба со август минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП